Нашата позната пејачка ќе биде докторка, но ја бива и за манекенка – облече бикини и го „запали“ Инстаграм
Македонската Гранд ѕвезда ја покажа својата витка линија, а сите ги изненади и со интересниот модел на костимот за капење што го носеше
Победничката од претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, се соблече во костим за капење и го покажа своето убаво тело.
Шармантната струмичанка на едната фотографија позира со кошула врзана под градите, а позираше и со раскопчана кошула.
Под од белата, ленена кошула се гледаат нејзините извајани облини и дводелниот костим за капење со интересен дезен.
Инстаграм/ Славица Ангелова
Пејачката која ги освојува сите со својот извонреден глас пријатно ги изненади своите фанови со овие неколку фотографии.
Инстаграм/ Славица Ангелова
Потсетуваме, Славица по победата во „Ѕвездите на Гранд“ продолжи сериозно да ја гради својата музичка кариера.
Таа постојано настапува и тоа не само во Македонија, туку и во регионот, а како што самата изјави во една пригода за Гламур магазин, има многу планови кои посакува да и се реализираат што поскоро.
Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа неодамна ја промовираше својата песна во дует со Касапски, „Стакла“, а покрај својата музика кариера Славица ги изненади сите и кога откри дека еден ден ќе биде докторка.
Инстаграм/ Славица Ангелова
Имено, Славица студира медицински факултет, па затоа и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ постојано беше со книги и скрипти во рацете, а тоа во една пригода во шоуто го спомна и нејзиниот ментор, рокерот Ѓорѓе Давид.
Каков костим за капење носеше Славица и како изгледаше во него, но и во спотот со Касапски, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Славица Ангелова
Македонската Гранд ѕвезда за ова лето избра бикини со интересен геометриски дезен, а како и стои просудите сами.
Инстаграм/ Славица Ангелова
Инстаграм/ Славица Ангелова