Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка стана мајка на 42 години – ова е таткото, бременоста ја криеја до последниот ден

Пред да се породи речиси никој не знаеше дека е бремена

Реклама

Пејачката своето прво дете го роди на 42. години

Познатата пејачка, Татијана Стефановска (45), повеќе од една деценија е во брак со музичарот Митко Бежановски.

Татијана долго време се бореше да се оствари во улога на мајка, а додека беше бремена речиси никој не знаеше дека очекува принова.

Маркетинг

Пејачката се породи 2021, па ова лето заедно со сопругот на нивната ќеркичка и го прославија третиот роденден.

Маркетинг
Фејсбук/ Татијана Стефановска

Таа долго време посакуваше да стане мајка, но порано ова беше тешка и болна тема за неа и затоа избегнуваше да зборува во јавноста.

Токму затоа и веста дека родила ќерка тогаш изненади многумина, па дури и нејзини колеги, бидејќи малкумина знаеја дека е во блажена состојба. Битолчанката по раѓањето на малата Ана често споделува нивни заеднички моменти, од кои се гледа како ужива во мајчинството.

Фејсбук/ Татијана Стефановска

Таа за многу брзо време по породувањето повторно се врати во форма, па се уште заслужено го носи епитетот една од нашите најубави пејачки.

Фејсбук/ Татијана Стефановска

Но на нејзиното лице можеме да забележиме и неизмерна радост и среќа, односно оној посебен блесок што го имаат само оние жени што се оствариле во улога на мајка и кои уживаат во благодатите на семејниот живот.

Токму затоа и многумина за неа велат дека сега изгледа дури и подобро од кога било досега, а доказ за тоа се и овие фотографии.

Фејсбук/ Татијана Стефановска

Потсетуваме, Татијана и нејзиниот сопруг Митко неодамна прославија 12 години брак, и тоа на празникот Пресвета Богородица.

Тие нивната наследничка Ана ја добија по 9 години брак, а како изгледаше пејачката и на свадбата, потсетете се во продолжение…

Фејсбук/ Татијана Стефановска

Инаку, Татијана за својот сопруг отсекогаш велела дека тој е човекот на нејзиниот живот каков што отсекогаш посакувала.

Фејсбук/ Татијана Стефановска

Тие и двајцата денес уживаат во семејниот живот, но истовремено и максимално се посветени на својата професија.

Фејсбук/ Татијана Стефановска

Митко покрај ќерката Ана има и син од претходниот брак, а Татијана и покрај тоа што е среќно омажена, се уште е сон на многу мажи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button