Нашата позната пејачка сподели преубава вест – честитки пристигнуваат од сите страни, ги изненади сите
Пејачката објави песна за својот 23 роденден
Нашата позната пејачка, Антониа Гиговска, го прослави 23 роденден, а по тој повод направи посебна фотосесија.
Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои позира покрај огромна „торта“, а она што најмногу привлече внимание беше нејзиното необично издание за овој период од годината.
Имено, шармантната пејачка позираше во полу-проѕирни хеланки во пастелна сина нијанса под кои речиси сé се познаваше, а уште поинтересен беше горниот дел.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено, таа за оваа посебна пригода избра да позира само во градник, а како изгледше погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фотографиите веднаш привлекоа внимание, па следуваа бројни честитки од пријателите и фановите, а меѓу првите роденденот на пејачката и го честиташе водителката Лила Филиповска која и порача:
„Најсреќен роденден убавице моја, само убавини и годинава да станеш ‘светска ѕвезда’“, напиша Лила во коментарите.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инаку, Гиговска само еден ден претходно на Инстаграм објави и фотографија на која позираше топлес и во фармерки, а како изгледаше и во ова свое провокативно издание, погледнете тука.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Изненадување и за фановите
Гиговска за својот роденден имаше и изненадување за своите верни фанови. Станува збор за една од нејзините балади што пејачката реши да ја објави токму на денот на нејзиниот 23-ти роденден.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Песната се вика „Мразам што те сакам“, а Антониа на Инстаграм ја сподели со следниве зборови:
„За мојот 23-ти роденден сакам да ви ја подарам мојата омилена балада што стоеше во фиока од 2021 година. Ви ја должев, нели?“ напиша пејачката под спотот што може да го видите во продолжение.