Нашата позната пејачка се спакува и се пресели од Македонија – ова е станот во кој живее во Белгија
Популарната пејачка покажа како изгледа нејзиниот дом.
Елена се пресели од Македонија заедно со семејството.
Пејачката Елена Петреска долги години е дел од македонската музичка сцена.
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска
Уште од многу млада ја започна својата професонална музичка кариера и денес може да се пофали со многу хитови, успешни концерти и настапи.
Со својот глас, а и стас веднаш ја освои публиката и беше вистинско освежување за нашата естрада кон крајот на 90-тите.
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска
Со нејзиниот сопруг Андреј е заедно повеќе од деценија.
Андреј и Елена се родители на две дечиња.
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска
Плод на нивната љубов се Софија и Михаил.
Иако имаа одличен живот тука, семејството одлучи да се пресели од земјава.
Елена беше вработена во Наионалната опера и балет сѐ додека не се пресели.
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска
Целото семејство замина во Белгија.
Тие таму се со дипломатски статус, а како што изјави Елена за медиумите, долго време размислувале пред да ја донесат оваа одлука, но брзо се навикнале на белгискиот начин на живот.
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска
Пејачката и понатаму е активна на социјалните мрежи и се труди да не ја запостави и музиката.
На Инстаграм неколку пати има споделено и фотографии од нејзинот дом во Белгија.
Елена и Андреј имаа прекрасен стан во Скопје, а ништо помалку не е ни тој во Белгија.
Белата боја и светлите тонови преовладуваат и сѐ е уредено во минималистички стил.
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска
ФОТО: Инстаграм / Елена Петреска