Нашата позната пејачка распали и им ги затвори устите на хејтерите – ја критикуваат за забите, таа брутално им одговори на сите
„Тие мои долни заби се мојот заштитен знак…“
Познатата пејачка веќе некое време добива коментари на сметка на нејзините заби заради што реши јавно да се огласи и да се соочи со оние што ја критикуваат.
Познатите личности постојано се мета на критики, посебно на социјалните мрежи, и многумина многу пати негативно коментираат за нив и тоа за најбанални работи.
Токму во таква ситуација се најде и пејачката Тијана Дапчевиќ која реши да не молчи и се огласи на својот Инстаграм.
Имено, иако досега никогаш ваквите недолични коментари не ги сфаќала лично, Тијана овој пат распали по хејтерите.
Таа веќе некое време добива коментари на сметка на нејзините заби заради што реши јавно да се огласи и да се соочи со оние што ја критикуваат за ова.
„Забележав дека имате неопислива потреба да ми пишувате: ‘Тијана, среди ги долните заби’. Е сега, тие мои долни заби се мојот заштитен знак“.
„Значи, тие мои нерамни, неправилни долни заби ми се заштитен знак. Проблемот е во тоа што на мене често ми се создава кариес и што тоа кога малку ќе се создаде изгледа како јас да немам заби, како тоа да е толку страшно“ објасни пејачката во нејзиното видео што ги сними и објави на својот профил на социјалните мрежи.
Таа потоа го додаде и следново:
„Јас ја сакам таа моја неправилност и оставете ме да бидам неправилна. Не можат сите да имаат бели А1 заби, керамика Младеновац, жл ми е. Јас ги сакам моите неправилни заби, само се криви, ништо друго“, објасни пејачката.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм