Нашата позната пејачка прв пат искрено за ЕСТЕТСКИТЕ КОРЕКЦИИ – ова е единстеното што го средила
Пејачката откри и што мисли за тоа какви девојки сакаат повеќе денешните мажи
Пејачката привлекува внимание каде и да се појави
Македонската Гранд ѕвезда, Андријана Петрушовска, последните неколку недели работи со полна пареа на својата кариера.
Откако ја промовираше својата нова песна „Манија“ со која ги воодушеви своите фанови како од Македонија, така и од регионот, Андријана беше гостинка во неколку познати естрадни емисии.
И во секое од овие гостувања пејачката ја престави својата нова песна, но и се појави во издание со кое мамеше воздишки.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Тоа се однесува како за тесниот бордо фустан со кој максимално го истакна своето феноменално тело, така и за црниот фустан со впечатливи бели рабови во кој шармантната пејачка изгледаше како светските диви од златната ера на Холивуд.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Петрушовска и во двете овие изданија со гордост го истакна своето витко тело, а со фотографиите пак го запали Инстаграм.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
И како што самата истакна неодамна како гостинка во една емисија на Гранд, оваа наша позната пејачка не сака премногу да се слика, но кога ќе се дотера и кога гостува во некоја емисија сака да објави нешто.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Впрочем тоа може да го видиме и од овие нејзини изданија, а што се однесува до нејзиниот изглед, Петрушовска неодамна прв пат откри и дали има направено естетски интервенции и што мисли за нив.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
„Направив некоја мала корекција на устата, но нема повеќе ништо да средувам. Повеќе ми се допаѓа кога е се види мимиката на лицето. Тоа е дел од нашите животи и повеќе ништо не би средувала. Но немам ништо против ако некој прави сериозни естетски корекции, секој нека одлучува за себе“, нагласи Андријана во емисијата „Ѕвездите на Гранд – специјал“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа потоа призна дека има уште една причина да биде задоволна од својот изглед и зошто не би менувала ништо на него.
„Мажите денес повеќе сакаат природни девојки, барем така е во некое мое опкружување“, истакна Андријана.