Нашата позната пејачка под сакото НЕ носи ништо – на фановите од Македонија до Австралија им го забрза пулсот!
Пoзнатата пејачка со своето пpoвокативно издание никого не остави рамнодушен
Една од нашите најпознати фолк-пејачки, Стојне Николова, со своето последно модно издание го воодушеви бројните фанови на социјалните мрежи.
Николова позираше на прв поглед, во сведена комбинација, но кога ова издание на пејачката ќе се зумира, многумина ќе останат без здив.
Имено, шармантната пејачка под сакото со риги не носи ништо, па оваа глетка дефинитивно не е за оние со „cлабо cpце“.
Таа во долниот дел носеше куси, црни шорцеви, а целото издание го заокружи со нејзината преубава фризура и розов кармин.
Покрај опасното деколте во центарот на вниманието беа и нејзините paзгoлени нозе на кои носеше шик сандали.
„Оној што лета соло има најсилни крилја“, напиша пејачката под една од овие пикантни фотографии.
„Стојне, екстра изгледаш“,„Стојне, како кукла си“, „Прекрасна природна убавина“, беа само некои од коментарите на нејзините фанови под овие фотографии што пејачката ги објави на социјалните мрежи.
Покрај овие коментари, на пејачката и коментираше и еден нашинец кој живее во Австралија.
„Стојне ти си толку убава и премногу добра пејачка што навистина се надевам дека наскоро ќе те видиме и во Австралија“, напиша фанот под фотографијата.
Како изгледаше Стојне во ова издание, но и некои други интересни комбинации, погледнете во галеријата.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова