Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка откри како бере пари?! Стана и бизнисменка, вљубена до уши во својот ортак

Пејачката искрено за приватниот бизнис што пред неколку години го започна со сопругот

Реклама

Нашата позната пејачка Тијана Дапчевиќ не живее само од пеење, впрочем како и многу нејзини колешки.

Пејачката на еден приватен имот во близина на Белград заедно со сопругот имаат плантажа со специјален вид на турски орев.

Како што самата вели, нејзе не и треба скапа машина за тресење, туку може тоа и рачно сама да го направи, а потоа оревите одат во машина за сушење, објасни пејачката во емисијата на „Гранд“.

Маркетинг

Таа потоа се осврна на тоа што многумина мислат дека од овој приватен бизнис, како и од пеењето, пејачката заработува многу пари.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Тоа се предрасуди и луѓето живеат во заблуда дека ние пејачите и луѓето што се занимаваме со јавна работа имаме дрво пред зградата, каде што долу се 20 евра, малку погоре по 50, а на врвот виолетовите. Тие мислат дека ние береме пари, но тоа се само заблуди“, изјави познатата пејачка во споменатата емисија и додаде:

„Велат, лесно ви е на вас вие пеење, да, тоа е најубавиот дел кога ќе излезете на сцената и пеење, јас сум благословена што ја работам оваа работа“, и одговори популарната пејачка на новинарката.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Потсетуваме, Тијана повеќе од две децении е во брак со Милан, а плод на нивната голема љубов е синот Вук.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тие живеат во Белград, но како што Тијана ни откри во интервју за Гламур, сите се радуваат кога треба да дојдат во Македонија.

Тоа посебно се однесува за нејзиниот сопруг кој во Скопје има и своја екипица, па секогаш кога таа треба да дојде и тој е со неа.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Инаку, едно време медиумите пренесуваа дека нивниот брак е во криза, а Тијана откри како и покрај сите предизвици нивната љубов е силна и зошто се надева дека така ќе остане до крај.

„Медиумите пишуваа дека Милан ме изневерил, но јас не демантирав бидејќи такво нешто не нé интересира. Ниту тој ме изневерувал, ниту пак јас него. Сите овие години не погледнав друг маж, бидејќи во мојот сопруг имам сé! Тоа беше и остана љубов на прв поглед. Можеби го изневерив со Џони Дип, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мислите“, се пошегува Тијана во една пригода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button