Нашата позната пејачка објави шокантно видео – ја фати невремето, шофершајбната сол од градот
Еве како изгледаше невремето што вчера го зафати западниот дел на Македонија
Невреме проследено со силен дожд, град и големи електрични празнења вчера попладне ги зафати Скопје и Тетово.
Во Тетово имаше и големи поплави од интензивните врнежи од дожд, а на одредени места шаѓаше и град со големина на орев.
Пејачката Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса, за време на големото невреме беше заробена во автомобилот со кој патуваше.
Инстаграм/ Марија Луиса
Пејачката Марија снимаше за Инстаграм дел од невремето.
Имено, Марија викендот беше во Охрид од каде претходно објави неколку сториња, но на враќање во Скопје ја фати невремето.
Инстаграм/ Марија Луиса
И заради сообраќајниот метеж и преголемите гужви, таа апелираше до сите дека невремето е страшно и да не тргаат на пат.
Инстаграм/ Марија Луиса
„Страшно невреме, град ни ја искрши колата. Не тргнувајте на пат, луѓе“, напиша Марија на видеото што го објави на Инстаграм.
Инстаграм/ Марија Луиса
Таа снимаше од автомобилот во кој се возеше, а успеа да го фати и моментот кога од големите парчиња град им се скрши шофершајбната.
Инстаграм/ Марија Луиса
„Го фаќам моментот кога пука шофершајбната“, напиша таа и во шега додаде: „Пак ли ќе се работи за нова кола?!“.
Таа потоа испрати и едно предупредување:
„Имам милион пораки, не е заебанција. Еден час и половина сме заглавени на автопатот, не излегувајте луѓе“, напиша пејачката известувајќи ги своите следбеници дека се наоѓа на автопатот Тетово-Гостивар.
Инстаграм/ Марија Луиса
Марија овие снимки што ги направи додека беше заглавена во гужвата ги сподели со своите следбеници кои беа шокирани од глетката.
Инстаграм/ Марија Луиса
Како изгледаше кога битолчанката Марија Луиса се најде сред автопат за време на невремето што вчера ги зафати западните делови од Македонија, погледнете од фотографиите во рамките на овој текст како и од видеото во продолжение…