Нашата позната пејачка и водителка ја откри тајната на СВОЈОТ ФАНТАСТИЧЕН изглед и во шестата деценија од животот
Македонската водителка покажа која е нејзината тајна за фантастичниот изглед.
Јулија Мациевска е водителка и пејачка, инспирација за многу жени, па и мажи, кои одлучиле да воведат некаква промена во својот живот, со цел да имаат среќен и спокоен живот.
Препознатлива е по својата широка насмевка, позитивниот дух и поглед на живот.
Секогаш е ведра и насмеана, човек не може ниту да помисли дека животот ѝ има донесено голем број искушенија низ кои храбро поминала.
Изминативе години таа е и тренер за личен раст и развој и им помага на многу нејзини следбеници да се спознаат себеси и да го најдат својот мир и среќа.
Уште на млади години го загуби сопругот и преку ноќ стана самохрана мајка, но тоа не ја спречи Јулија да ниже успеси и лавовски да се бори во животот.
Јавноста ја следеше и борбата на нејзината ќерка Андријана со ка-нцерот. Тие две беа пример и доказ за останатите дека со силна верба и волја може да се победи и најтешката болест.
Секој преглед и напредок на Андријана во болеста, Јулија го споделуваше јавно на социјалните мрежи, но никогаш поради самосожалување или поради внимание. Таа тоа го правеше со цел да изрази огромна благодарност до сите луѓе кои помагаа Андријана да ја добие својата битка, а исто така и за да бидат пример за останатите дека позитивната мисла и благодарноста се најдобрите сопатници во сите предизвици.
Иако е во шестата животна деценија, атрактивната пејачка и водителка зрачи со младешка енергија.
На нејзината витка линија и става може да позавидат и помладите девојки. За Јулија времето буквално запрело.
„Будење со Јулија“ е програмот кој таа го води на српски јазик, каде често со своите следбеници споделува мотивирачки пораки.
На својот Фејсбук профил сподели фотографии кои настанале пред две години, преку кои покажа како всушност ја одржува својата витка линија.
Иако две години поради различни причини не можела да вежба во теретана, таа им соопшти на фановите дека повторно ќе се врати на таа навика, а ги мотивираше и тие да прават работи кои ќе им донесат среќа и љубов кон своето тело.
„Будење.
Кое будење денеска, во спомени ми се појавија овие фотографии од пред 2 години кога активно вежбав.
Ја гледам таа среќа, енергија која извира од секој дел од моето тело и лице.
Се случија толку многу работи за овие две годи и, почнувајќи од разноразните рестриктивни мерки и ограничувања, до личните предизвици кои целосно меоддалечија од она што го сакам и што навистина му одговара на моето тело и мојот дух“.
„Иако настојував оваа активност да ја надоместам со други активности, тоа не му беше доволно на моето тело, кое навик а да ја добива својата доза среќа во мускулите, коските, умот… вежбајќи редовно. Донесов одлука, преземам АКЦИЈА. Среќата е во малите, а така гооолеми работи.
Благодарам, благодарам, благодарам! “, напиша Јулија.
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска
ФОТО: Фејсбук / Јулија Мациевска