Нашата позната пејачка искрено за проблемот со целулитот – згодната мама покажа како се одржува во форма
Гиговска го покажа своето „вистинско лице“

Ретко ја гледаме во вакво издание
Пејачката Антониа Гиговска важи за една од најпознатите пејачки од помладата генерација во Македонија, а уште од почетокот на својата музичка кариера привлекува внимание како со својот модерен и тренди имиџ така и со својот изглед.
Таа и пoкрај тоа што се оствари во улога на мајка, своето тело за многу кратко време го врати во топ форма, па сега привлекува внимание и со својот изглед каде и да се појави и постојано добива бројни коментари од своите фанови на социјалните мрежи.
Сепак, досега сме немале прилика да ја видиме во едно вакво издание, па нејзините фанови беа изненадени од објавата.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено, Гиговска покажа како изгледа во потполно опуштено издание, а во коментарот откри и една мала тајна.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа зборуваше за тоа како го решава проблемот со целулитот, проблем со кој, како што вели таа, се соочува секоја жена.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Како што открива пејачката, многу девојки и пишуваат во Инбокс, па затоа реши да го открие своето искуство во врска со овој проблем.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа откри дека редовно применува третман за затегнување, обликување и отстранување на целулитот.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Ги правам (секоја жена има малку целулит колку и да е во добра форма, да не се лажеме) верувајте ми, и само по шест третмани исчезнува се, а притоа ги затегате и обликувате и нозете и задникот,“ пишува таа,
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Пејачката објави и една снимка на која е со својот син, покажувајќи дека нема никаков проблем да ја видат и во вакво издание.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Ова секако ги воодушеви нејзините бројни фанови, а како таа изгледа и кога вежба во теретана, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа и пред само неколку дена се фотографираше во спортски „кроп-топ“ и хеланки, разиграна во својата спална соба, повторно истакнувајќи го во центарот на вниманието својот рамен стомак.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инстаграм/ Антониа Гиговска