Нашата позната пејачка изгледа подобро од кога било досега – славеше РОДЕНДЕН, никој не би погодил колку години наполни!
Македонската пејачка не ги крие годините и гордо се пофали колку наполни, а воедно испрати и моќна порака до сите пластични кукли на естрадата.
Андријана Јаневска веќе долги години е дел од музичката сцена, а зад себе има оставено многу хитови. Таа долго време е повлечена од јавната сцена, но е доста активна на социјалните мрежи.
Прва виолина во Македонската опера и балет, доцент на Факултетот по музичка уметност, професор Андријана Јаневска може да се пофали со богата музичка кариера, многу настапи и концерти, хитови со кои сите растевме.
Освен што има две работни места, таа е и мајка и сопруга.
Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски – Гино, познат македонски гитарист.
Двојката има два сина, Димитар и Кристијан. Сопственици се и на музичкото студио Гиновски.
Семејството живее во куќа во скопската населба Бардовци. Во многу наврати пејачката има изјавено дека дворот во нивната куќа не би го менувала за ниту една градска локација.
Често на социјалните мрежи споделува фотографии од нејзиниот дом, односно дворот кој го нарекува “мал рај”.
Мора да се признае дека дворот е мал рај во кој би сакал секој да ужива, а пејачката и нејзиното семејство се погрижиле да имаат доволно зеленило кое е спас од секојдневното сивило.
Она што мора да се признае е дека Андријана е една од најзгодните пејачки на нашата сцена.
Таа е една од ретките која може да се пофали со извонредна линија, а тоа секако освен на генетиката се должи и на редовното спортување.
Годините не ѝ можат ништо на оваа жена, изгледа буквално исто како на почетокот на својата кариера.
На својот Инстаграм профил Андријана се пофали дека го прослави својот 40-ти роденден.
Одлично се носи со годините, а и со пораката која ја испрати им одржа лекција на жените што претставува вистинската грижа за себе.
„40 лета, но духот не старее. Мислам дека тој расте и созрева до одредена возраст, а потоа си е ист. Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело. Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување. Да се разбереме, немам ништо против.
Сите кои ме познаваат знаат дека сум многу либерална и ги прифаќам сите луѓе такви какви што се. Сепак, сакам секоја бора да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас.
И покрај сите снимени песни, настапи, концерти, претстави и положени испити, мој најголем успех се моите два сина кои ја дадоа смислата на сето погоре набројано. Затоа и денешниот јубилеен роденден го поминав во нивно друштво. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам и почитувам“, стои во опис на роденденската фотографија.
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска