Нашата позната пејачка во деветтиот месец го изгубила бебето – ПОТPECНАТА ИСПОВЕСТ никого не остави рамнодушен
Нашата позната пејачка Тијана Дапчевиќ го има синот Вук кој има 14 години, а кој го доби од бракот со Милан.
Денес малкумина знаат за големата тpaума што познатата пејачка ја има доживеано пред многу години, а поврзана со нејзината борба за потомство.
Имено, Тијана во емотивна исповест зборуваше искрено за својата бременост, но и за најтешкиот период во нејзиниот живот.
„Пред да останам во блажена состојба со Вук, имав абортус. Во деветтиот месец од бременоста го изгубив бебето! Толку сакав да забременам, и кога тоа конечно се случи, бев пресреќна. Но тогаш ми се сруши целито свет!“
„Ми беше навистина тешко. За Милам и мене тоа беше најголемата траума која што сме ја доживеале. Имав среќа што тогаш налетав на докторката Снежана Ракиќ од ГАК Народен фронт, што ми го спаси животот! И не само што ме лечеше туку ми беше и психичка поддршка, Ми кажа? Само опушти се и за година дена ќе имаш бебе. Така и беше“ вели Тијана во своето емотивно интервју за Информер.
Таа потоа откри дека отсекогаш сакала да роди машко дете, кое ќе биде на неа. И нејзиниот Вук навистина е таков.
„Навистина е како мене, само граден е на татко му. Всушност, на Милан е и тврдоглав и упорен. Никогаш не сум се каела што имам само едно дете, Вук ми вреди за десет. Милан и јас бевме седум години во брак, го прошетавме целиот свет, па посакавме бебе. Првото бебе го пометнав, а не успеав да забременам по природен пат. Ми кажаа ако не бидам бремена до септември ќе одам на вонтелесно оплодување. Таа 2007 година мојата сестра Тамара Тодевска ја преставуваше Македонија за песна на Евровизија, а јас го правев медија планот. Бев концентрирана на тоа, не размислував за дете и баш тогаш останав бремена“, изјави Тијана за споменатиот портал.
Тијана во ова интервју се осврна и на гласините дека нејзиниот сопруг ја изневерувал, за што изјави:
„Пишуваше дека Милан ме изневерува, но не го демантирав тоа бидејќи такво нешто не ме интересира. Ниту тој мене ме изневеруваше, ниту пак јас него, за сите овие години немам ни погледнато друг маж, бидејќи во мојот сопруг имам сé! Тоа беше и остана љубов на прв поглед.“
„Можеби го изневерив со Џони Деп, Метју Мекохани, Бредли Купер, ама во мислите“, вели Тијана.
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ