Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка верува само во вистинска љубов, но за жал ВИСТИНСКИОТ МАЖ се уште НЕ го сретнала?!

Реклама

Фановите се интересираат кога ќе се мажи Стојне Николова важи за една од нашите најпознати пејачки на народна музика од помладата генерација.

Таа настапува од својата 15 годишна возраст, а веќе следната година, кога наполнила 16, ја снимила и првата своја авторска песна.

Маркетинг

Николова е мошне активна и на социјалните мрежи каде редовно објавува песни но и модни фотографии на кои изгледа прекрасно.

Таа деновиве објави фотографија на која позира во мал црн фустан со кој го истакна секој дел од своето тело, а фановите покрај тоа што и порачаа дека изгледа прекрасно ја прашаа и кога ќе се мажи.

Маркетинг
ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Што се однесува до мажачката, Стојне неодамна во едно интервју истакна дека верува во вистинската љубов, но, како што пренесе Вечер, таа се уште не го сретнала вистинскиот маж во својот живот.

Но, џебната Венера или како што многумина ја нарекуваат „македонската Сандра Африка“ е една од најзгодните жени на македонската музичка сцена, која може да се пофали со најсекси нозе на естрадата.

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Не е ни чудо ваква убавица да не биде поврзувана со многу згодни мажи.

Таа сепак не сака јавно да зборува за приватниот живот и вешто го крие како змија нозете.

Стојне е една од ретките која пред пандемијата имаше турбо работа, а нејзините настапи беа закажани со месеци однапред. Со пеее се занимава уште од тинејџерсите денови, па на 22 годишна возраст успеала да собере доволно пари за да си купи стан во Скопје.

“Среќна сум што веќе нема да патувам или, пак, да бидам под кирија. Шест години пеам, и за тоа време успеав да заштедам пари за половината, а за останатото подигнав кредит. Ангажирав фирма од Струмица која ми го средува комплетно станот, по мој вкус.

Среќна сум што имам само 22 години и што без ничија помош успеав да си купам дом. Задоволна сум што на мои години успеав да се осамостојам, да не зависам од никого, а најмалку од семејството. Да беше татко ми жив, можеби поинаку ќе одеа работите,е и за мене и за моите двајца браќа, но ние не сме во состојба да чекаме помош од некого туку мораме сами да се погрижиме за сè. Среќна сум што постојано имам настапи, што заради купувањето на станот не се откажав од ништо“ – изјави Стојне своевремено за Вест.

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Многу од младите може само да ѝ позавидат и да се угледаат на неа. Ретко се случува млад човек да може да си дозволи да купи стан на само 22 години и тоа во главниот град.

Се чини дека музичарите најмногу трпат загуба поради пандемијата.

Нема настапи, нема фестивали, нема свирки, па многумина се воздржуваат и од вадење на нови песни.

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Публиката е жедна за жива музика, но за тоа уште мора да се чека.

Во септември минатата година Стојне наполни 26 години, а поради коронавирусот роденденот го прослави скромно, во друштво на своите најблиски. Но, сепак гламурозно во нејзин стил.

Таа на социјалните мрежи објави фотографии на кои покажа атмосфера од нејзината прослава и од тоа како изгледала.

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Таа за оваа пригода носеше бели куси шорцеви и кратка маичка, а целото издание го заокружи со сандали во нежна розова нијанса. Кусите шорцеви ги ставија во преден план нејзините убави нозе кои Николова дополнително визуелно ги издолжи со тенките високи потпетици.

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Стојне е често е присутна и на ТВ екраните, а публиката ја освои и со пената „Крушево абер пристигна“.

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Во прашање е песна што ја напиша и испеа легендарната македонска пејачка Васка Илиева, а Стојне за истата сними и спот во режија на Даниел Јоевски.

„Крушево абер пристигна’ избрав да ја испеам пред се’ затоа што по природа сум борец, а во самата песна имаме жена комита. Токму затоа и ја испеав песната со силен емотивен набој“, изјави Стојне за Свет – Австралија.

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

И додека припадничките на понежниот пол уживаат во нејзиниот феноменален глас и нејзините песни, машкиот пол е маѓепсан од нејзиното убаво тело, што можеме да го забележиме и од коментарите што Николова постојано ги добива на сметка на својот изглед на социјалните мрежи.

Самата вели дека повеќе сака мини здолништа отколку отворено деколте, а тоа е така поради нејзините совршени нозе.
Погледнете повеќе фотографии од неа и уживајте:

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

 

ФОТО: Стојне Николова / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button