Нашата позната водителка ја покажа својата беспрекорна линија по породувањето – изгледа како никогаш да не била бремена!
Неодамна прв пат откако се породи излезе во јавноста
Водителката Милена Антовска Станковска се породи пред два месеци кога ја роди ќеркичката на која и го дадоа името Јоана.
Милена пред неколку дека прв пат се појави пред телевизиските камери и покажа како изгледа пo своето второ породување.
Шармантната водителка на која ова и е второ дете, покажа дека за кратко време речиси целосно ја вратила својата совршена линија. Таа впрочем и додека беше бремена немаше проблем со вишокот килограми, а како изгледа сега, два месеци по породувањето, погледнете во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CbOCRBtt1wh/
„Колкупати сте се запрашале дали сте среќни? Колкупати сте се запрашале дали сте изгубиле драгоцено време на неважни работи? Дали тогаш сте искрени кон себе или само ги бркате лошите мисли? Дали почесто одбирате да бидете реални или да ставите маска на лицето и да се втурнете во секојдневните обврски?“ напиша Милена во коментарите на Инстаграм и објави уште една интересна фотографија на која што делува како никогаш да не се породила.
А еве и како изгледаше во бременоста…
Но и пред тоа…
Инаку, Јоана и е второ дете на убавата водителка.
Таа пред пет години ја роди Лана Марија, која сега е пресреќна што конечно си има и сестричка.
Милена пред неколку дена ја објави и првата фотографија од малата принцезичка кога повторно ги воодушеви сите.
А еве како ужива и со својата прва наследничка.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска