Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната водителка сака да го запознае малиот Петар – на симпатичното момче наместо грашок, ќе му купи бурито!

Реклама

Нашата позната водителка се пофали со своето ново издание, а еден детаљ посебно привлече внимание.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, Лила позираше во црно од глава до пети, а нејзините фанови беа воодушевени од нејзиниот изглед.

Но очигледно покрај убавиот изглед највпечатлив детаљ во ова издание беа и нејзините големи „висечки“ обетки.

Маркетинг

Во прашање се голем црни обетки во форма на зборот „Love“, па и водителката во коментарите напиша:

„Не можете да не ме сакате, колку што јас МОЖАМ ДА САКАМ! Само љубовта може да не спаси, не заборавајте“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

И како што тоа обично се случува, под фотографијата веднаш почнаа да се нижат бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„Зрачиш со твојата убавина“, „Те сакам , многу те сакам“, „Сакањето мое е од небо до земја, најубава девојко“, беа само некои од коментарите што ги доби шармантната водителка од своите бројни фанови.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, Лила вчера се осврна и на случката со малиот Петар кој преку ноќ стана главна ѕвезда во нашата земја.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, откако неговото видео се појави на социјалните мрежи, истото со брзина на светлината се прошири така што многумина го споделија, но (најверојатно) заради негативните коментари на некои родителите решија да ја повлечат сниката. Тие истовремено побараа од сите што го објавиле да го сторат тоа, а целиот настан поведе дискусија дали воопшто требаше да се сподели истото, без одобрение на неговите родители, така што едно навистина преслатко видео кое на многумина им го разубави денот на крај се претвори во жолчна дискусија, посебно зарад бројните негативни коментари.

Во врска со тоа се огласи и Лила која на социјалните мрежи се запраша дали можеме барем еднаш да не упропастиме нешто толку симпатично, детско и наивно, дали можеме барем еднаш да се насмееме, онака од срце, без да бараме маани и без да го расипеме доживувањето со хејтање.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„На секој кој пишал лош коментар нека му служи на чест, на родителите ќе им кажам дека имаат едно прекрасно воспитано и умно момче, а на Петар ќе му кажам само едно: Што и да пишуваат и да зборуваат, не можат да ти го земат тоа што го поседуваш, а тоа е харизма, интелигенција и една светла ѕвезда која допрва ќе сјае… И секако сакам да те запознаам и да те носам на бурито“, му порача познатата водителка на малиот извидник кој го воодушеви целиот регион.

 

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, Лила важи за една од најпознатите жени од Македонија на социјалните мрежи, и секако дека многу добро знае што значи кога некој неодговорно коментира, ширејќи омраза или навредувајќи некого без никаква причина. Впрочем многу пати и таа самата се нашла во слична ситуација, но како што вели во својата последна објава, не може да не ја сакаат, колку што таа може да сака. Или со други зборови, таа наместо омраза порачува да шириме љубов, бидејќи „само љубовта може да не спаси“, а тоа е нешто што не треба да го заборавиме.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Па, дали се согласувате со неа?

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button