Нашата позната водителка нема ни грам вишок – и Лила Филиповска остана без зборови кога ја виде
Позираше во костим за капење, многумина останаа без здив кога ја видеа во вакво издание
Ова издание нема никого да остави рамнодушен
Објавите на оваа наша позната русокоса дама веќе со години никого не оставаат рамнодушен, а така беше и сега.
Да, станува збор за Марјана Станојковска, една од нашите најзгодни познати Македонки, која со својата последна објава на социјалните мрежи потполно ги „разоружи“ своите верни фанови.
Имено, русокосата згодница овој пат позираше во бикини во нежна пурпурна нијанса, со долги врвки кои се мотаат околу нејзината половина на која водителката нема ни грам вишок.
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Станојковска целото издание го заокружи со бела, полу-проѕирна наметка која што ноншалантно ја носеше, држејќи со лактите и мавтајќи ја како шпанските тореадори што ги замајуваат биковите со своите црвени наметки и елегантни движења, се додека не им го зададат смртоносниот удар. И Марјана, исто како и во коридата, погодува директно во срце, посебно припадниците на посилниот пол меѓу нејзините бројни фанови на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Но оваа дама во коментарите добива пораки и од жените, кои исто се маѓепсани од нејзиниот шарм и посакуваат да имаат линија како нејзината, што се забележува и од коментарот на една нејзина колешка која им е многу добро позната на сите.
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Имено, меѓу првите коментари под ова провокативно летно издание на Марјана стои коментарот на водителката Лила Филиповска која само кратко и’ го порача следново:
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Најзгодна!“ напиша Лила, а Марјана веднаш и се заблагодари.
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Погледнете ги и останатите изданија од оваа наша русокоса убавица по која на улица се вртат и мажи и жени…