Нашата позната водителка која е во петтиот месец од бременоста прославуваше, а главна беше нејзината наследничка!
Во домот на македонската водителка имаше голема причина за славење, а нејзината ќерка беше најсреќна.
Милена Антовска е една од најпопуларните водителки во нашата земја. Освен што ја гледаме секојдневно на малите екрани, таа е и доста активна на социјалните мрежи каде често знае да сподели и фотографии од приватниот живот.
Милена е една од ретките која отворено и јавно зборува за својот приватен живот и она што ѝ се случува.
Сѐ она низ што поминува неретко знае да го сподели и со својата публика.
Публиката ја препозна искреноста кај неа и токму затоа има голема гледаност на нејзините емисии.
Осбено што е успешна професионално, таа е и емотивно среќна и исполнета.
Неколку години веќе е во брак со сопругот Гордан.
Таа и Гордан се запознале во кафеана, веднаш почнале да комуницираат, а комуникацијата им продолжила на социјалните мрежи. Набрзо после тоа започнале љубовна врска.
Недолго после тоа одлучиле да стапат во брак, па направиле и голема свадба.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Лана Марија.
Милена често на социјалните мрежи споделува фотографии од својата наследничка.
Таа во едно свое интервју изјави дека за името Лана се одлучиле веднаш кога дознале дека ќе имаат ќеркичка. Но, откако ќеркичката се родила на големиот христијански празник Голема Богородица, Милена и Гордан одлучиле да го додадат и името Марија.
Деновиве имаа голема причина за славење. Малата Лана Марија славеше роденден.
Поради пандемијата и рестриктивните мерки, роденденот мораше да се одржи на отворено, но секако заедно со Лана славеа и нејзините другарчиња.
Мама Милена се погрижи за роденденската декорација и убавата забава.
Водителката на Инстаграм сподели многу фотографии и видеа од роденденот, а честитките не престанаа да пристигнуваат.
Милена важи за жена која максимално обрнува внимание на својот изглед.
Иако денот ѝ започнува релативно рано, таа секогаш изгледа свежи, средена од глава до пети.
Својата работа ја работи максимално професионално, па токму затоа и долго опстојува во професијата.
Неодамна таа со своите фанови сподели дека е бремена со своето второ дете.
Како што и самата откри таа и Гордан ќе имаат уште една ќеркичка. Иако посакувале син, сепак пресреќни се што повторно ќе станат родители на девојче.
Таа на Инстсграм сподели и фотографии и видеа на кои вќе се забележува нејзиното трудничко стомаче.
Иако во петтиот месец од бременоста. Милена изгледа фантастично и мора да се признае дека е навистина згодна трудница.
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска