Нашата позната водителка го покажа своето најголемо богатство – ЕМОЦИИТЕ НЕ МОЖЕ да ги сокрие кога е со нив!
Македонската презентерка на вести покажа кој е нејзиното најголемо богатство и ги стопи сите.
Гордана Ѓорчева долги години ја гледаме како презентер на вести на национлниот сервис и е една од најдобрите во својата струка.
Гордана долги години беше во брак со покојниот актер Бранко Ѓорчев. Важеа за еден од најскладните парови во јавната сцена, а неговата сmpт беше огромен шок за неа.
Таа вели дека не постојат лоши спомени поврзани со Ѓорчев. Тој беше нејзината сродна душа, човекот што го сакаше повеќе од себе. Но, тој воедно бил и човекот што ја чувал како капка вода на дланка, кој секогаш го користел секој свој слободен миг да го поминат заедно.
Иако животот не ја маел, Гордана не ја трга насмевката од нејзиното лице и секогаш е ведра и позитивна.
Најголема радост ѝ се нејзините две внучиња кои ги има од ќерка си Луција.
Луција ја добила кога имала само 21 година, па токму затоа денес е млада баба.
За медиумите многупати има изјавено дека се труди да одржи пријателски однос со Луција и дека е навистина горда на неа.
Нејзината ќерка ѝ е најголема подршка во животот, а двете внучиња се мотив и понатаму да се бори.
Вања има две години, а Вера се роди во септември.
Гордата баба убавата вест ја соопшти на Фејсбук.
„И покрај сé, никогаш не ја изгубив љубовта кон животот, никогаш не ја изгубив надежта за подобри денови, никогаш не ја изгубив вербата во Бога.
И да. Вера ни е уште еден божји благослов на овој убав ден кога ги празнуваме верата, љубовта и надежта.
Со раѓањето на Вера продолжува во нас да живее името на баба и на Луција, а во мене додека сум жива со секое изговарање на нејзиното име ќе живее мојата мајка.
Никогаш не ги губете љубовта и вербата во Бога.
Ти благодарам Господе“.
Секој слободен момент Гордана го користи за да го помине со своите најсакани и само со нив се чувствува најсреќно.
Доказ за тоа се најновите фотографии кои таа ги сподели на социјалните мрежи.
На нив таа позира држејќи ги вопрегратка двете внучиња.
„Мајкини
Богатство мое“, стои во опис на фотографиите.
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева
ФОТО: Фејсбук / Гордана Ѓорчева