Наши ѕвездиСтил

Нашата позната водителка ги распамети сите – Ирена Спировска заблеска во издание што остава без здив

Откривме и од каде е фустанот во кој познатата водителка блескаше како никогаш досега

Advertisement

Никого не остави рамнодушен

Македонската телевизиска дива Ирена Спировска деновиве ги остави сите без зборови со едно од своите најубави изданија досега.

Advertisement

Имено, Ирена беше во жирито на изборот за „Мис универзум“, а кога се појави на црвениот килим буквално го украде шоуто.

Водителката која во младоста и самата беше манекенка, а во 1993 година беше прогласена и за Зимска убавица на Македонија, за оваа пригода избра феноменална тоалета во сребрена боја.

Advertisement
Инстаграм/ И. Спировска, Елена Лука

Станува збор за фустан од Елена Лука во кој Ирена изгледаше брутално и со кој не можеше да помине незабележано.

Инстаграм/ И. Спировска, Елена Лука

Креацијата е со сирена крој и максимално го истана убавото тело на Ирена, додека длабокиот шлиц на левата нога и истакнатиот отворен грб дополнително придонесоа за одличниот впечаток.

Инстаграм/ И. Спировска, Елена Лука

Што се однесува до материјалот, тој целосно е облиен со светкави елементи кои рефлектираат ефект на ѕвездено небо, па убавата водителка блескаше и буквално изгледаше како божица.

Инстаграм/ И. Спировска, Елена Лука

Според многумина ова е едно од најубавите изданија на Ирена досега, за што сведочат и бројните комплименти што си ги доби.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Ирена?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button