Нашата позната водителка ги отвори вратите од својот раскошен дом, па го покажа и сопругот (фото)
Нашата позната водителка имаше посебна причина за тоа
Пријателките и’ приредија вистинско изненадување
Водителката Милена Антовска-Станковска го прослави својот роденден, а на Инстаграм покажа дел од атмосферата.
Таа славеше заедно со своите пријателки, а бидејќи беше и Стара нова година, се кршеше и лепче, а паричката се падна кај другарките.
Нејзините пријателки ја израдуваа и со торта, па Милена ги дувна свеќичките во форма на бројот 37 и си замисли желба.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Овој гест секако дека ја израдува убавата водителка која не можеше да ја сокрие среќата на своето лице.
Таа се фотографираше и со сопругот и нивните две ќерки, но овој пат наместо кусиот црвен фустан беше облечена во розова боја за да одговара со комплетчињата што ги носеа нејзините убавици.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Тие позираа покрај големата елка во нивниот дом, а како изгледаше среќното семејство во ова издание, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Инаку, со Милна неодамна поразговаравме за нејзините кулинарски способности и ја прашавме за тоа како се снаоѓа во кујната.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа ни откри дека сака да готви, но и кои се нејзините омилени јадења и дали знае да готви традиционални македонски јадења.
Целото интервју прочитајте го тука…