Нашата позната водителка ги изненади сите со ова фустанче – во вакво провокативно издание досега не сме ја виделе (фото)
Милена Антовска-Станковска се појави во атрактивен црн фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Нашата позната водителка важи за дама која ретко експериментира со модата и најчесто ја гледаме во елегантни женствени изданија.
Но Милена во последно време како да не се придржува до својата успешна формула, и често знае да не почести и со по некое провокативно издание, но во границите на умереноста, и со својот шарм никого не остава рамнодушен.
Впрочем такво беше и ова нејзино „all-black“ издание со кое Милена ја истакна својата совршена женска линија.
Облечена во необичен црн фустан, со мали црни точки и кусо здолниште, таа ги истакна своите убави нозе во црни хулахопки, а целото издание го зачини со црни чизми до глужд со тенки високи потпетици.
Таа во ова издание се појави пред камерите и ги воодушеви сите, посебно што ретко ја гледаме во вакви комбинации.
Милена привлече внимание и со белите хеланки преку кои носеше туника со леопард дезен, а целото издание го „зачини“ со неодоливи бели чизмички кои совршено се вклопија со тесните панталони.
Како таа изгледаше и во ова свое издание и зошто нејзините комбинации во последно време се повеќе привлекуваат внимание, погледнете од фотографиите во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска