Нашата позната водителка ги запали социјалните мрежи – тело како прачка и детаљ што ги воодушеви сите
Фустанот што го носеше никого не остави рамнодушен
Познатата водителка сподели преубави фотографии.
Милена Антовска-Станковска е една од нашите најпознати телевизиски лица, но поприлично е позната и на социјалните мрежи.
Таа редовно споделува фотографии со кои ги воодушевува сите, а така беше и овој пат кога повторно привлече внимание на Инстаграм.
Имено, таа сподели неколку фотки од снимањето на Лото, очигледно задоволна од тоа како и стои овој с*кси црн фустан.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Милена позираше во занесно издание, истакнувајќи ја својата преубава линија на која многу дами можат да и завидуваат.
Насмеана и со романтични локни водителката блескаше пред камерите како никогаш досега, па за кратко време собра голем број лајкови, додека под фотографиите се уше се редат комплименти.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
„Убаво е кога некој позира за да ги истакне женските врлини, кога веќе ги поседувате“, „Преубава жена“, беа само некои од нив.
Покрај нејзината сјајна линија во центарот на вниманието беше и црниот фустан кој е одличен избор за празничниот период што е пред нас. Во прашање е гламурозна креација која и покрај тоа што е со долги ракави и должина до под колената, заради суптилниот отвор изгледа и провокативно.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
И тоа е сосем доволно доколку сакате да ја заскокоткате фантазијата на посилниот пол, а притоа да не се грижите дали сте претерале.
Можеме да видиме дека Милена во него изгледаше перфектно, па доколку сте расположени за малку кокетирање, еден ваков модел, со суптилен отвор кој покажува малку кожа, може да биде одлично решение и за вас.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Милена е во одлична форма и изгледаше прекрасно во ова „all-black“ издание, а во продолжение погледнете уште неколку нејзини комбинации што би можеле да ви послужат како инспирација за следниот период, посебно ако сакате да бидете во центарот на вниманието и со својот женствен стил да ги воодушевите сите.