Нашата позната актерка се coблeче во кocтим за капење и го „сруши“ интернетот – и во пензија изгледа топ во ова издание!
Ги воодушеви сите на социјалните мрежи…
Нашата позната актерка Стојна Костовска отсекогаш важела за една од најубавите жени меѓу познатите Македонки.
Костовска и денес и покрај тоа што има 68 години може да се пофали со убава линија и природен шарм со кој никого не остава рамнодушен. А во тоа можевме да се увериме и откако Стојна, која што минатата година замина во пензија, реши да ги изненади своите пријатели и објави неколку фотографии на кое позира во костими за капење.
На фотографиите што ги објави носи едноделен црн модел на костим за капење со интересен дезен, а во преден план беше нејзиното тело за кое сите се сложија дека изгледа феноменално за нејзини години.
„Браво згоднице, девојка не ти е равна“, „Секоја чест Стојне, прекрасна си“, „Стојна убава и згодна како и секогаш!“, „Годините не ти можат ништо“ беа само некои од коментарите што Костовска ги доби на сметка на својот изглед.
Инаку, Стојна е родена во Крива Паланка во 1954 година и е една од најпознатите македонски телевизиски и театарски актерки.
Има дипломирано на Вишата музичка школа, отсек актерска игра во 1978 година, а од 1980, па се до минатата година работеше во Македонскиот народен театар.
Се има појавено во многу филмови и телевизиски серии, а голема популарност стекна и како дел од Хихирику.
Малкумина знаат дека како млада се занимавала со спорт и има завршено Средно фискултурно училиште.
Но занимавањето со спорт очигледно и се исплатеше во животот, така што таа и денес е во добра форма.
„Се занимавав со сите можни спортови, не постигнував некој значителен успех, меѓутоа со успех го завршив средното образование. Знаев дека приемниот испит и таму е тежок. Но, јас сум човек што никогаш не се откажува од ништо, ако наумам нешто мене не ме мрзи и во 10 навечер и до 12 да напраам леб”, откри актерката во една пригода која сепак се запишала на студии во Белград, но по 6 месеци се откажала и се вратила да се запише драмски во Македонија.
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук