Нашата позната актерка обожава да го минува времето со неа – таа ја ИСПОЛНУВА со позитивна енергија и секогаш е тука за неа

Македонската актерка јавно ги искажа своите емоции.
Актерката Јелена Жугиќ може да се пофали со импозантна кариера и многу остварени филмски и театарски улоги.
Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, со претставата „Арсеник и стара тантела“ во 1995 година. Во Драмскиот театар е вработена од февруари 1997 година.
Јелена ретко зборува за својот приватен живот, но на Инстаграм понекогаш знае да сподели фотографии од својот син.

Она што единствено се знае за неа е тоа дека беше во брак со нашиот најдобар пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација, Александар Маленко.
Од бракот со него го има синот Ахил.
Како и сите љубови на Маленко, така и љубовта меѓу него и Јелена заврши многу брзо, без притоа да останат во добар однос.

По завршувањето на нивниот брак, актерката продолжи сама да се грижи за Ахил, трудејќи се да му овозможи најдобри услови за живот.
Важи за храбра и борбена жена, која без влакна на јазикот, јавно умее да го каже својот став и несогласување со актуелните ситуации во земјава.

Таа на социјалните мрежи често знае да сподели и некоја фотографија од Ахил преку која може да се види колку пораснал и напреднал.
„Син мајкин, гордост мајкина“, напиша Јелена во опис на последната фотографија објсвенс нс нејзиниот профил, а направена за време на нивниот заеднички летен одмор годинава.
Она што може да се забележи е дека Ахил неверојатно многу наликува на Маленко.

Иако ја гази петтата деценија од животот, мора да се признае дека Јелена изгледа феноменално.
Буквално како на почетокот на својата кариера.
За оваа жена како времето да запрело.

Единствено што често го менува е нејзината фризура.
Природата на нејзината работа е таква што мора да биде подложна на промени.
По разводот со Маленко повеќе никогаш не проговори јавно за својот емотивен статус, ниту пак обелодени врска со некого.

Деновиве таа сподели фотографија од својата мачка и покажа дел од својот дом.
„Муце мое мило”, стои во опис на фотографијата.
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ
Фото: Инстаграм / Јелена Жугиќ