Нашата познатата фолк-пејачка имаше ПОСЕБЕН ПОВОД за славење – нејзиниот наследник славеше матурска, еве како изгледаше!
Македонската пејачка имаше убав повод за славење.
Иако веќе не е во Македонија, сè уште се занимава со пеење и ја гради својата кариера далкеу од дома.
Татјана Лазаревска е долги години дел од македонската музичка сцена, а зад себе има кариера на која може да ѝ позади секој пејач.
Зад себе има многу хитови без кои не може да помине ниту една свадба или семејна прослава.
Долги години е во брак со пејачот Новица Василевски, па иако и во Македонија беа доста ангжирани и заработуваа, Новица и Татјана во 2015 година заминаа во далечната Австралија во потрага по подобар живот за нив и нивните деца.
Круна на нивната љубов се Стефан и Петар, кои се нивна најголема гордост, а сега гордата мајка покажа колку порасна нејзиниот син и дека е вистински убавец.
Татјана сподели неколку фотографии од постариот син кој славеше матура во еден хотел во Мелбурн, па го покажа целото семејство, но и партнерката на Петар.
Матурска прослава на Петар … Deb Formal … Љуби га мајка, најубав е“ напиша гордата мајка додека Петар гордо позираше со гостите и со својата партнерка облечена во бел фустан.
Сите дотерани и средени од глава до петици едноставно блескаа, но мама Татјана посебно.
Облечена во сатенски фустан со златен ремен околу половината кој ја истакнува нејзината фигура Татајна изгледа како девојче, иако неодамна славеше роденден и наполни 47 години.
Најубавиот роденденски подарок за неа всушност е доаѓањето на нејзината мајка.
„Најважниот подарок за мојот роденден пристигна директно од Македонија, мојата мајка Снежана Лазаревска“, напиша во опис на фотографијата, а сега имаше шанса да присуствува и на матурската прослава на својот внук Петар.