Нашата позата фолк-пејачка го покажа резултатот од вежбањето – дали очекувавте ваква глетка?
Наковска во костим за капење
Пејачката ужива за сите пари во животот, како во најдобрите години
Познатата пејачка Анета Наковска (50) очигледно тренира вредно во последно време, па сега ги изненади сите со резултатот.
Имено таа објави неколку фотографии на својот профил на социјалните мрежи на кои позираше во костим за капење, а ефектите од напорните тренинзи оставија траги на нејзиното тело, па пејачката ги воодушеви своите бројни обожаватели на Фејсбук.
Посебно внимание привлече со фотографиите на кои позираше во дводелен црн костим за капење со кој го истакна својот тен.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
„Што убаво кога човек има конкретен резултат од напорното вежбање“, напиша Анета под фотографиите што ги сподели на Фејсбук, а еден нејзин пријател се „пошегува“ со неа.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
„Кој би кажал дека имаш 37 години“.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
И останатите нејзини фанови се согласуваат дека е максимално згодна и дека знае како да привлече внимание.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Наковска изгледаше убаво и во фустаните што ги носеше на плажата, а како изгледаше и во ова свое издание, ѕирнете во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Инаку Наковска неодамна реши јавно да изреагира преку социјалните мрежи за гласините дека се разведува од својот сопруг.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Таа сега заедно со него живее во Флорида, каде очигледно се уште е топло, а овие гласини за разводот остро ги демантираше истакнувајќи дека станува збор за зли јазици и душегрижници кои мрморат невистини за нејзиниот приватен живот.
Повеќе за ова прочитајте тука…