Нашата „Пинк ѕвездичка“ уште како малечка го освои Балканот – ПОГЛЕДНЕТЕ каква убавица е денес, вистинска дива!
Кога прв пат се појави на сцената учествувајќи во детскиот музички натпревар „Пинк ѕвездички“, таа со својот талент веднаш ги освои сите.
Тоа беше во 2015 година кога таа беше малечко и слатко девојче со неверојатен глас со кој никого не остави рамнодушен.
Таа тогаш имаше единаесет години и уште со својот прв настап го воодушеви жирито и го привлече вниманието на јавноста.
По потекло е од Куманово, а по натпреварот во Пинк ѕвездички и се оствари уште еден сон.
Имено, таа ја претставуваше Македонија на „Детскиот избор за песна на Евровизија“ во Малта во 2016 година.
Да, во прашање е Мартија Станојковиќ која од харизматично девојче порасна во шармантна млада музичка дива.
Колку нејзиниот изглед се промени по толку години можеме да видиме и од нејзиниот Инстаграм профил кој секојдневно добива се поголем број на обожаватели од регионот, каде таа редовно објавува фотографии.
Мартија следниот месец полни 19 години и за неа слободно можеме да кажеме дека порасна во вистинска убавица.
Таа денес има долга темно-кафеава коса, а уште на прв поглед се забележува и нејзиниот нов моден стил.
Нејзините фотографии секогаш привлекуваат огромно внимание на социјалните мрежи, а на нив Мартија изгледа како и светските тинејџ ѕвезди.
Некои од овие изданија погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ