Нашата пејачка со тажна порака за својата почината мајка – фотографиите што ги објави ги разнежија сите
„Многу ми фалиш мамче“, напиша Лидија

Пејачката Лидија Кочовска се потсети на својата покојна мајка Невена која почина пред две години, на 81 годишна возраст.
Нејзината мајка со години боледуваше од Алцхајмерова болест, а пејачката сега сподели нивна заедничка фотографија.
Многуми фалиш мамче, напиша Лидија под фотографијата со која ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Невена која беше пејачка на легендарната група Мањифико, една од најдобрите и најпопуларните групи во 60-те и 70-те години на минатиот век во поранешна Југославија почина во август 2022 година.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Пејачката оттогаш често знае да сподели фотографија со која ќе се потсети на својата мајка, а тоа го направи и пред неколку месеци, на денот на нејзиниот роденден кога да беше жива ќе наполнеше 83 години.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Лидија на овој начин ги чува и негува спомените на својата мајка, а овие објави покажуваат и дека болката по загубата не минува.
Потсетуваме, Невена заедно со својот сопруг Панче Кочовски долги години беа дел од популарниот ансамбл Мањифико.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Невена и Панче (Пантелеј) со овој ансамбл стекнаа светска популарност изведувајќи латино-американски песни и одржаа повеќе од 3700 концерти во над 30 земи од светот.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Тие заедно со овој бенд настапуваа и пред Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка Броз, а познати се и по тоа што направија преку 40-на хуманитарни концерти по земјотресот во Скопје.