Нашата пејачка објави фотографии од својата почината мајка – од ЕМОТИВНИТЕ зборови што ги напиша ќе ви се насолзат очите
Нашата позната пејачка Андријана Јаневска со емотивна објава се потсети на својата почината мајка.
Како што самата изјави во една пригода, Андријана ни не успеала да се збогува од својата мајка затоа што таа починала ненадејно, од мозочен удар, на 62 годишна возраст. Тоа беше тежок удар за целото семејство, а збогувањето на пејачката од својата мајка дојде по две години, и тоа во вид на песна, онака како што таа најмногу знае да се искаже.
Имено, таа песната „Летај“ која што ја посвети на својата мајка ја издаде во 2020 година, две години по нејзината смрт.
Андријана оваа година на социјалните мрежи се потсети на својата мајка која беше нејзина најголема потпора во животот.
Таа сега објави неколку нејзини фотографии, а во описот напиша:
„Четири години без мајка ми Нада. Книгите недочитани, соништата недосонувани, тоа ли беше животот?“ пишува во објавата на нашата позната пејачка.
Андријана покрај фотографиите ја објави и песната посветена на нејзината мајка и покажа дека сеќавањето з неа нема никогаш да избледи.
Песната ЛЕТАЈ е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот.
Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста, пишува под објавата што пејачката ја реобјави на својот профил на социјалните мрежи.
Нејзините објави растажија многумина што ја следат, па Андријана за само неколку часа за нив доби неколку илјади лајкови.
Од фотографиите што ги објави, може да се забележи дека Андријана поприлично личи на нејзината мајка Нада.
Дали се согласувате?
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска