Нашата пејачка го спакува омилениот костим за капење и замина од МАКЕДОНИЈА, па го запали интернетот со нејзините објави
Нејзините објави воодушевија многумина…
Нашата позната фолк-пејачка Адријана Ацевска во јавноста попозната како Адријана Кеш реши ниските температури и тмурното време во Скопје да го замени со прекрасните бели занзибарски плажи.
Пејачката го спакува својот омилен костим за капење во куферот и замина да ги „полни батериите“ во Занзибар, а фотографиите и снимките што ги објави на социјалните мрежи никого не остави рамнодушен.
Од овие објави можеме да видиме дека таа ужива за „сите пари“ на овој егзотичен остров каде по напорниот период и бројните настапи реши малку и да се одмори и да собере енергија за своите идни деловни ангажмани.
Потсетуваме, Адријана во јавноста е позната и како Адријана Кеш по песната „Кеш“ која што беше пресврт во нејзината музичка кариера.
Насмевка и црвен костим
Пејачката не крие колку ужива на одморот, а со своето „пикантно“ издание во црвен костим за капење ги воодушеви сите.
Таа позираше на волшебната плажа со бел песок, а нејзиниот минијатурен костим дополнително им ја заскокотка фантазијата на фановите.
Повеќе од сигурно е дека овие денови нема никогаш да ги заборави, а коментарите и лајковите на Инстаграм не престануваат.
Но она што е помалку познато е со кого шармантната пејачка ужива на оваа далечна дестинација.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска