Нашата пејачка во шок, ова не го очекуваше – горат социјалните мрежи од ова преубаво видео
Ова е пример како треба да се однесуваат мажите кон жените, вели пејачката под видеото што го објави на Инстаграм
Пејачката воодушевена од она што и се случи
И додека на познатите машки пејачи кои ги освојуваат женските срца понекогаш им се случува да добијат градници од жените додека настапуваат на сцената, оваа наша позната пејачка од своите фанови си доби изненадување што нема никогаш да го заборави.
Имено, Сања Цинцева попозната како Сања Барби имаше еден настап кога гостите сите заедно дојдоа пред неа и почнаа да и фрлаат цвеќиња.
Инстаграм/ Сања Барби
И додека таа пееше облечена во тесно бело фустанче со кое го истакна своето убаво тело, белите ружи летаа од сите страни.
Таа секако не се надеваше на вакво изненадување и беше пресреќна што и се случува, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Сања Барби
Инаку, македонската Барбика во последно време се почесто објавува фотографии и снимки на својот профил на Инстаграм.
Инстаграм/ Сања Барби
Таа под секоја своја објава добива дузина комплименти, а сите беа воодушевени и од ова романтично изненадување.
„Ова е пример како треба да се однесуваат мажите кон жените, им благодарам на дечките од ФК Јени Маале, Битола“, напиша русокосата Сања Барби под видеото.
Инстаграм/ Сања Барби
Потсетуваме, Сања Барби стана позната по песната „Министерка“, а важи за фатална дама за припадниците на машкиот пол.
Инстаграм/ Сања Барби
За неа порано се шушкаше дека е во врска со фудбалерот Мартин Блажевски, а во една пригода таа самата откри какви мажи сака најмногу.
Инстаграм/ Сања Барби
Повеќе за ова погледнете во видеото на почетокот од текстот…