Реклама
Наши ѕвезди

Нашата омилена водителка го прослави роденденот со саканиот – тој е ВИСТИНСКИОТ ЧОВЕК за неа, блеска во негово присуство

Реклама

Татјана имаше убава причина за славење!

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Татјана неодамна отворено зборуваше за нејзината нова љубов во животот. Таа веќе неколку години живее со партнерот, и како што вели самата, покрај љубовта со него ја врзува и искрениот однос и заедничките интереси што ги имаат, како и поддршката и грижата еден за друг…

Познатата водителка и поранешна манекенка, Татјана Стојановска, славеше роденден, а на Инстаграм објави заедничка фотографија со партнерот.

Една од омилените водителки на нашите гледачи и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска, на својот официјален профил на Инстаграм објави фотографија на која позира заедно со нејзиниот партнер Михаил Китановски, држејќи преубав букет во рацете. Таа за оваа пригода блуска со интересен црно-бел дезен, а целото издание го заокружи со нежна шминка и кармин во црвена боја.

Маркетинг

Интересен беше и коментарот на нејзиниот партнер, кој под заедничката фотографија напиша:

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

„Среќен 33-ти роденден моја сакана“, напиша Михаил, а под фотографијата честитки се редеа преку целиот ден.

Маркетинг

Меѓу првите и честитаа колешките Елена Стефановска и Ведрана Ѓорѓевиќ, а како Тањичка изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Инаку, Татјана неодамна отворено зборуваше за нејзината нова љубов во животот. Таа веќе неколку години живее со партнерот, и како што вели самата, покрај љубовта со него ја врзува и искрениот однос и заедничките интереси што ги имаат, како и поддршката и грижата еден за друг.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис“ изјави Татјана во една пригода во телевизиската емисија „Бекстејџ“.

„Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана тогаш како гостинка во естрадниот магазин.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Поврзано

Back to top button