Нашата најубава каратистка во КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ во деветтиот месец од бременоста изгледа фасцинантно
Еве како изгледа нашата најубава спортистка со трудничкиот стомак во преден план

Познатата спортистка блеска во бременоста
Една од нашите најубави спортистки, каратистката Моника Стефановска, често се огласува на социјалните мрежи.
Таа е во блажена состојба, а неодамна на Инстаграм сподели фотка и покажа како изгледа во деветтиот месец од бременоста.
Моника се фотографираше во костим за капење, а во центарот на вниманието е нејзиниот труднички стомак.
Фото: Инстаграм/ Моника Стефановска
Деветти месец, напиша таа под фотографијата.
Фото: Инстаграм/ Моника Стефановска
Моника карате тренира од својата шеста година, а позната е и како модел и има голем број следбеници на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Моника Стефановска
Важи за една од најубавите спортистки во Македонија и благодарение на својата топ форма изгледа убаво што и да облече.
Фото: Инстаграм/ Моника Стефановска
Нејзините фотографии се имаат појавено и на спортски портали надвор од нашата земја, а како каратистка има освоено бројни награди. Првиот интернационален златен медал го освојува на првенството на Југоисточна Европа во 1999 година на само 8 години.
Фото: Инстаграм/ Моника Стефановска
Моника е родена во Тетово 1999 година, а покрај тоа што е професионален спортист во карате и модел, таа се занимава и со останати спортови како планинарење, фитнес и гимнастика.
Дипломирала на Економскиот факултет, насока надворешна трговија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна станала и магистар по спортски менаџмент на Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје, исто така, на државниот универзитет.
Фото: Инстаграм/ Моника Стефановска
Потсетуваме, шармантната каратистка и една од најубавите наши спортистки во септември месец оваа година му кажа „ДА“ на својот партнер, Илија Мартиноски, кој е тениски тренер. Таа тогаш на социјалните мрежи објави неколку фотографии со кои покажа дека избрала куса венчаница во која блескаше од глава до пети, со полу-проѕирни детали, а невестинското издание го заокружи со преубави бели сандали со високи потпетици.
Фото: Инстаграм/ Моника Стефановска
Како Моника изгледаше и како невеста и зошто важи за една од најубавите дами во спортот погледнете во продолжение…