Нашата најпозната пејачка позираше со друг маж и ја изненади цела МАКЕДОНИЈА – еве како изгледаше и пред 20 години
Таа е една од нашите најдобри и најпопуларни пејачки, а сега сподели фотографија од важен маж во нејзиниот живот.
Каролина Гочева може да се пофали со завидна кариера и многу хитови кои сите ги знаеме на памет.
Каролина досега два пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.
Каролина Гочева потекнува од семејство на доктори. Нејзините најблиски се занимаваат со медицина, а таа сепак се одлучи за друга професија, во која и тоа како е успешна.
Она што се знае е дека семејството Гочеви во Битола се познати медицинари, а сестрата на пејачката, Александра за разлика од Каролина работи како анеcтезиолог во битолската клиника.
Од 2016 година успешно плови и во брачните води заедно со уметникот Михаил Корубин.
Нивната венчавка се случи во еден од воените хангари на аеродромот Петровец, преуреден за оваа прилика.
На венчавката присуствуваа многу нивни блиски пријатели и членови од семејството, но на медиумите им беше забранет пристап.
„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, изјави своевремено Каролина.
Летово летниот одмор Каролина го помина во Хрватска заедно со својата мајка, сестра и внуките.
Пејачката споделуваше фотографии оттаму и покажа колку навистина уживаат сите заедно.
Она што малкумина знаат е тоа дека сестрата, а пејачката е исто така вистинска убавица.
Каролина на својот профил на Инстаграм има неколку заеднички фотографии со неа, како и од внуките Луција и Инес, односно од нејзините ќерки.
Пејачката во своите интервју многупати има изјавено дека најубаво поминато време за неа е времето поминато со внуките.
Од фотографиите можеме да видиме дека Каролина и нејзината сестра неверојатно личат една на друга.
Каролина ги изненади своите фанови со фотографија од човекот кој првпат го покажува во јавноста, а за кој вели дека се најдобри пријатели уште од 1991 година.
Фотографијата на која таа и нејзиниот пријател се заокружени со срце, привлече големо внимание.
Инаку, покрај оваа фотографија Каролина објави и една стара фотка од магазинот Екран на која е и Тоше Проески.
Фотографијата е од пред 20 и кусур години, а покрај неа и Тоше на неа се и членовите на македонскиот бенд „Нокаут“.
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева
Фото: Инстаграм / Каролина Гочева