Нашата најпозната алпинистка соопшти преубава вест – пристигнуваат честитки, но и комплименти
Илина го прослави својот 42 роденден, па се соблече во бикини и ги воодушеви сите со својот изглед
Изгледа сензационално, многумина и завидуваат
Илина Арсова, нашата најпозната алпинистка на својот профил на социјалните мрежи сподели неколку нови фотографии.
Имено, Илина го прослави својот 42 роденден, а со фотографиите што ги објави покажа дека се уште е во топ форма.
Таа посебно ги изненади сите со фотографијата на која позира во костим за капење истакнувајќи го своето фит тело.
Инстаграм/ Илина Арсова
Илина изгледа феноменално во ова издание, а моделот што го носи во црвена боја дефинитивно и стои неодоливо.
„Среќен роденден кралице на планините,“ и напиша водителката Ирена Спировска која исто така е голема вљубеничка во природата.
Инстаграм/ Илина Арсова
Инаку, Илина под секоја своја ваква објава добива дузина комплименти и сите се согласни дека изгледа одлично.
Инстаграм/ Илина Арсова
Таа и само два дена претходно објави слична фотографија, со која исто така предизвика лавина од реакции.
Инстаграм/ Илина Арсова
Како изгледа менито на Илина
Илина со своите напорни тренинзи телото го има донесено до перфекција, а како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, внимава и на исхраната. Сака едноставна храна, но и мешавина од вкусови, па така речиси во се што подготвува става неколку различни видови семиња. Многу често јаде јајца, просо, леќа, сите видови тестенини, различни видови сирења, а од зеленчук обожава морков, авокадо, зелка и краставица, додека од овошките сака дињи.
Инстаграм/ Илина Арсова
Но покрај здравата храна, Илина знае да се почести и со благо, а како што самата истакна тогаш навлечена е на сникерс сладолед.
Инстаграм/ Илина Арсова
Но и покрај тоа што има денови кога овој сладолед го консумира во неограничени количини, заради напорните тренинзи оваа извонредна дама очигледно тоа може и да си го дозволи и повторно да биде во топ форма. А како таа изгледа и кога вежба, погледнете од фотографиите во продолжение…