Нашата најзгодна актерка слави роденден, па објави фотографија и со својата мајка во костим за капење
Ана Стојановска го прослави својот 36 роденден

Познатата актерка изгледа сензационално во секое издание
Шармантната Ана Стојановска моментално важи за една од нашите најпознати актерки од помладата генерација, а во последно време беше активна со македонскиот филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски кој предизвика лавина од реакции на бројни престижни филмски фестивали низ светот, но и кај нас.
Таа го прослави својот 36 роденден, а на социјалните мрежи сподели бројни честитки што ги доби од нејзините пријатели.
Но она што сите го забележаа беа фотографиите на кои Ана е во костим за капење и на кои изгледа како манекенка.
Инстаграм/ Ана Стојановска
Имено, на неколку од овие честитки таа е во костим за капење и може да е види дека секогаш е расположена за добра забава.
Впрочем за тоа посебно зборува следната фотографија, а како Ана изгледа во овие свои изданија, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Ана Стојановска
Таа е во топ форма и дефинитивно е една од најзгодните актерки, а тоа можевме да го видиме и на премиерата на „Сараевскиот филмски фестивал“ кога Ана ги остави сите без здив.
Инстаграм/ Ана Стојановска
Ана тогаш на црвениот килим се појави во вонсериско издание, а фустанот што го носеше го истана секој детаљ од нејзиното тело.
Инстаграм/ Ана Стојановска
Најубавата роденденска честитка
Потсетуваме, Ана е ќерка на Силвија Стојановска, една од нашите најпознати актерки, а и нејзиниот татко Ненад беше актер.
Инстаграм/ Ана Стојановска
Нејзиниот татко своевремено важеше за еден од нашите најдобри актери, но почина многу млад, на 46 годишна возраст.
Позната актерка е и сестрата на Ана, Јана, а тоа дека крвта не е вода можеме да видиме и од следната фотографија.
Инстаграм/ Ана Стојановска
Имено, Ана на Инстаграм ја сподели и честитката што ја доби од својата мајка, а на која и двете се во костим за капење.
Инстаграм/ Ана Стојановска
И двете блескаат една покрај друга, а Ана врз фотографијата напиша:
„Мајка, фала за честиткава“, и се заблагодари Ана на својата мајка.