Наши ѕвезди

Нашата „министерка“ се појави на плажа во Грција и предизвика бура со ова свое жешко издание

Познатата пејачка се соблече во костим за капење и го покажа своето беспрекорно тело

Advertisement

Сања Цинцева, една од нашите најпознати фолк-пејачки, реши малку да одмори и да си ги наполни батериите.

Пејачката позната и како Сања Барби и покрај бројните обврски успеа да најде време и за самата себеси, па го искористи слободното време за уживање на најпопуларното место за Македонците во Грција.

Advertisement

Имено, пејачката ги спакува куферите и скокна на еден од најпознатите краци кај нашиот јужен сосед.

Инстаграм/ Сања Цинцева

Позната по својата енергија кога е пред публиката, нашата Барби сега одлучи да ги почести и своите фанови на Инстаграм.

Advertisement

Инстаграм/ Сања Цинцева

Таа позираше во својот омилен костим за капење и објави неколку фотки кои веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.

Станува збор за дводелен модел со интересен животински дезен со кој Сања ги нагласи своите занесни облини и ја покажа својата беспрекорна линија привлекувајќи им го вниманието на сите.

Инстаграм/ Сања Цинцева

Таа целото издание го зачини со своите нови бели крок-папучи и сламен шешир и кога ваква се појави на плажа ги остави сите без здив.

Инстаграм/ Сања Цинцева

Потсетуваме, Сања Барби важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки која привлекува внимание и со својот провокативен стил, па според многумина таа е една од омилените пејачки.

Инстаграм/ Сања Цинцева

Таа неодамна го промовираше и спотот за својата песна „Аман, аман“, а како пејачката која се прослави со песната „Министерка“ изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…

Барби во улога на „министерка“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button