Реклама
Наши ѕвезди

Нашата министерка важи за дама со стил, а тој вистински шармер – погледнете како изгледа сопругот на Мила Царовска

Реклама

Една од нив е и нашата министерка за образование и наука, Мила Царовска која секогаш изгледа како вистинска дама.

Покрај тоа што е пример за тоа како треба да се разговара со публиката, со новинарите, но и во односот на јавните настапи таа секогаш е смирена и посветена на ислушување на спротивната страна, Царовска има перфектен стил.

Маркетинг

Секогаш изгледа скоцкано од глава до петици, а нејзиниот имиџ е сосема соодветен за функцијата која ја врши.

Дали се работи за некој настан, посета на училиште или обичен работен ден во канцеларија, Мила Царовска секогаш изгледа беспрекорно.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

Професионалната кариера ја започнала во 2005 година каде се сретнува со повеќегодишно искуство од областа на социјалната работа.

Токму поради своето долгогодишно искуство Царовска се смета како експерт во својата област.

Маркетинг

Во периодот од 12 декември 2015 година до 19 мај 2016 година ја извршува функцијата посебен советник во Министерството за труд и социјала.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

Од 1 јуни 2017 година до 3 јануари 2020 година ја извршува функцијата министерка за труд и социјална политика во првиот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

На 3 јануари 2020 година е избрана за заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори во преодната Влада, функција која ја извршува до 30 август 2020 година.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министерка за образование и наука во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Царовска ретко објавува детали за својата приватност, но во една прилика зборуваше за својот син, па раскажа дека се вратила на работа кога нејзиниот син имал само шест месеци.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Фејсбук/ Мила Царовска

„Сношти бев на слава кај едни мои блиски луѓе. Седејќи во друштво, едно помладо момче ми рече: „Да ти кажам една приказна од твојот ресор. Едни мои пријатели се разведуваат. Знаеш ли зошто? Жената е пcихoпат. Пет месеци откако го родила детето се вратила на работа од породилно“, раскажа Царовска.

„Тогаш, му реков на пријателот, и јас сум пcихопат. Јас се вратив на работното место кога моето бебе имаше шест месеци. Го носев на работа со мене, спиеше кај мене во канцеларија“, продолжи министерката. Таа нагласи дека е многу важна меѓусебната женска солидарност. „Ние имаме дури и повеќе обврски од мажите. Кај жените постојат бариери во работата, како да не се дел од масата. Но, во поново време, женските тимови успеваат“, рече Царовска.

Фото: Фејсбук/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска

Инаку Царовска живее во неформален брак со Горан Сеоргиев со кој има едно дете.

Таа ретко објавува фотографии фотографии од своето семејство, но сепак знае да направи исклучок и да покаже како ги поминуваат времето заедно.

Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска

Поврзано

Back to top button