Нашата Гранд ѕвезда ужива за сите пари во Дубаи, но без сопругата?! Наоколу само луксуз и егзотика (фото)
Покажа и со што располага, па судејќи според реакциите на дамите, тој никогаш не изгледал подобро
Е вака се ужива во животот
Македонскиот пејач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ одлучи да ги спакува куферите и да замина на една луксузна дестинација.
Станува збор за пејачот Ален Хасановиќ кој овој пат го избра Дубаи како место на кое што ќе се одмори за следните подвизи.
Ова луксузно место секако дека е едно од омилените на многу познати личности, па така и Ален одлучи тука да помине неколку дена.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Од фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи може да видиме дека е сместен во луксузен хотел, но она што исто така многумина го забележаа е дека шармантниот пејач е сам на ова патување.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Имено, со него не е неговата сакана со која што неодамна се ожени, а со која до пред некое време беа неразделни.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Необично е и тоа што и Ален и неговата сакана ги избришале сите заеднички фотографии на социјалните мрежи, а и не се следат повеќе.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Нивната љубовна приказна до скоро им беше инспирација на многумина, но сега Ален дури е сам и на ова магично место на Блискиот исток.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Всушност, тој е со своите колеги и пријатели, но неговата сакана ја нема никаде, па сите се прашуваат што се случува со нив.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Ова посебно ги изненади припадничките на понежниот пол кои сега се почесто му делат комплименти под неговите фотографии.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Посебно кога ќе позира разголен и тоа во друштво само со група згодни момчиња со кои заедно ги минува сончевите денови, па не чуди и големото внимание што го добиваат од жените.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ