Нашата Гранд ѕвезда зборувала со Ѓорѓе по несреќата – МУЗИЧАРОТ ЗВУЧЕЛ ТАЖНО, ОВА МУ Е НАЈТЕШКО
„Се слушнав со Ѓорѓе, ми звучеше тажно“
Победничката во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Славица Ангелова, деновиве преку „Инстаграм“ му пружи поддршка на својот ментор Ѓорѓе Давид, со кого таа го освои трофејот.
Таа во разговор со „Гранд“ откри дека се слушнала со Ѓорѓе Давид по несреќата што му се случи во Македонија.
Како што самата вели, за несреќната вест дознала од нејзините родители додека спремала испит во Бугарија.
Инстаграм
Таа веднаш се обидела да го контактира рокерот, да му пренесе дека и таа и нејзиното семејство се тука за него.
Инстаграм/ 192.рс
„Тој никого не би повредил и затоа знам дека му е многу тешко сега. Успеав да го слушнам на кратко, но секако доволно. Ми звучеше тажно. Искрено мислам дека вакво нешто може да ни се случи на сите нас бидејќи секојдневно патуваме и сé е неизвесно“, изјави младата македонска Гранд ѕвезда за „Гранд.онлајн“.
Потсетуваме, Ѓорѓе Давид учествуваше во страшна несреќа на автопатот во близина на Куманово кога покоси една жена.
Инстаграм
Жената им подлегна на повредите, а наводно Ѓорѓе ја удрил со своето возило додека таа се движела по автопатот.
Инстаграм
Жената била сопатничка во возило управувано од нејзина ќерка, кое според досегашните информации, влегло во недозволена насока на патот и предизвикало сообраќајна несреќа.
По оваа несреќа жената излегла од автомобилот, а Ѓорѓе налетал на нив и немал време да реагира.
По несреќата со Ѓорѓе се слушна и Саша Поповиќ, поранешниот директор на „Гранд“, кој за „Блиц“ откри дека на музичарот во овие моменти му е најтешко затоа што на душа ја носи жената што почина.
Повеќе за ова прочитајте тука…