Нашата водителка долго време се борела со овој проблем – конечно го реши, па веднаш се пофали на Инстаграм
Македонската водителка покажа што може да се постигне доколку нешто вистински се сака и се вложи труд.
Снеже го покажа резултатот од нејзината упорност и истрајност.
За неа може да се каже дека е сѐ во едно – мајка, водителка, пилатес инструкторка, која стигнува сѐ и успешна е во сѐ што прави.
ФОТО: Инстаграм / Снеже Велков
Нејзината емисија „Нешто конкретно“ во моментов е една од најгледаните, а таа со години нанаад е една од најдобрите водителки кај нас.
Активна е и на социјалните мрежи каде освен фотографии објавува и мотивирачки пораки до сите, но и совети за одржување на одлична линија.
Иако ја гази петтата деценија од животот и понатаму е во топ-форма, благодарение на континуираното вежбање и здрава исхрана, без изговори.
Таа своја упорност одлучи да ја пренасочи и на нешто што ја мачи долги години.
Како што самата сподели, 20 години наназад немала ставено лак за нокти, бидејќи ги грицкала.
Но, пред 6 месеци одлучи дека е време за промена и дека мора да го реши овој свој проблем.
Ова е резултатот и еве како изгледаат нејзините нокти сега: