Националниот парк Рила е најубавото и најволшебното место во Бугарија
Планината и националниот парк Рила се смета за една од најубавите природни атракции на Балканот.

Ова место кое се наоѓа во соседна Бугарија е вистински рај за очите. На самата планина се наоѓа Националниот парк Рила, кој исто така е најголем национален парк во Бугарија, со површина од 81.046 квадратни километри, кој се наоѓа на југозападниот дел на земјата.
Природниот резерват Рила е назначен за национален парк на 24 февруари 1992 година за да се заштитат неколку екосистеми кои се од национално значење.

Највисокиот врв е Мусала (2.925 м надморска височина).

Во паркот има околу 120 глечерни езера (од кои повеќето датираат од ледено доба), меѓу кои и седумте Рилски езера кои важат за едни од најпознатите и најубавите, додека во подножјето на планината извира најдолгата река на Балканот, Марица и најдолгата река во Бугарија, Искар.

Секое од овие седум езера го носи името според својата форма и тие се исклучително студени.

Постојат многу легенди и традиции за езерата, нивната форма и потекло, од џинови до убавата девојка Смилjана која живеела во селото во близина на езерото.

На планината Рила има околу 2000 видови на растенија, преубави шуми од бел бор и ела, како и голем број на различни видови на животни: птици, безрбетници, влекачи, водоземци и риби, од кои некои се ендемични.

На падините на планината има многу културно-историски места, а еден од најпознатите е манастирот Рила, пишува Национална географија.






