Научниците стравуваат од втор бран коронавирус: Црни прогнози за зимата 2021, заразата ќе покоси илјадници животи
Научниците сугерираат дека во Велика Британија во вториот, зимски бран од инфекцијата со коронавирус би можело да има околу 120.000 жртви. Најлошо можно сценариo се бројките од 24.500 до 251.000 сmртни случаи во јануари и февруари 2021 година.
До денеска во Велика Британија од последниците на коронавирусот се починати 44.830 луѓе.
„Ризикот би можел да се намали ако веднаш преземеме мерки“, сугерираат научниците.
Во извештајот кој го побара главниот научен советник на Велика Британија, Патрик Валанс, нагласува дека се уште постои голем степен на неизвесност во врска со начинот на кој ќе се одвива пандемијата од коронавирус оваа зима.
Истражувањата кои досега покажаа дека вирусот може подолго да преживее во студени услови веројатно е дека побрзо ќе се шири кога луѓето ќе помунуваат повеќе време во затворен простор.
Експертите се загрижени дека Националната здравствена служба на Обединетото Кралство ќе биде под голем притисок, не поради повторното избивање на коронавирусот, туку и од сезонскиот грип.
Професорот Стивен Холгејт, специјалист за респираторни болести од Универзитетската клиника во Саутемптон, рече дека моделирањето сугерира дека смртноста ќе биде поголема со новиот бран коронавирус оваа зима, но дека ризикот тоа да се случи би можел да биде намален ако веднаш се преземат мерки.
Моментално во Велика Британија има малку случаи на заразени од коронавирус, што е идеална можност да се подготват за она најлошото што зимата може да го донесе.
Во Велика Британија и натаму се на сила препораките за самоизолација и тестирање ако лицата развиваат симптоми на болеста.
Препорачаа зголемување на капацитетот на програмата за тестирање, поголем број луѓе да се вакцинираат против грип, да обезбедат болниците и домовите за нега да имаат доволно заштитна опрема, да се создадат зони без коронавирус во болниците за да се запре инфекцијата.
Од владата нагласија дека имаат доволно вакцини против грип и дека работат на пронаоѓање на вакцина против коронавирус.