Научната јавност шокирана од новото откритие – новата мутација на коронавирусот е далеку поопасна, никој не е безбеден?
Вирусот корона, за научниците познат како САРС-КоВ-2, досега зарази повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот и Ковид-19 им го одзеде животот на повеќе од 250.000 лица од неговото откритие кон крајот на минатата година.
Научниците идентификуваа нов корона вирус, кој стана доминантен во целиот свет и се чини дека е многу позаразен од оној што се рашири во раните денови на пандемијата COVID-19, покажа новата студија, водена од научниците од Националната лабораторија Лос Аламос.
Покрај тоа што побрзо се шири, луѓето можат да бидат ранливи и на втора инфекција по првиот напад, се предупредува во овој извештај. Извештајот е напишан на 33 страници и беше објавен во четвртокот на „BioRkiv“, веб-страница што ја користат истражувачите да ја споделат својата работа и истата да биде разгледана од експертите, во обид да се забрза соработката со научниците кои работат на вакцини или третмани против COVID-19. Тоа истражување главно се заснова на генетското наследство на претходните соеви и постои веројатност да не биде ефикасно во однос на новите.
Мутацијата идентификувана во новиот извештај влијае на сега веќе озлогласените шилци на надворешноста на коронавирусот, кои му овозможуваат да влезе во човечките респираторни ќелии. Авторите на извештајот укажуваат на тоа дека чувствуваат „итна потреба од рано предупредување“ за вакцините и лековите кои се во развој ширум светот да бидат поефикасни против мутираниот сој на вирусот.
Каде и да се појави новиот вид, тој многу побрзо зарази многу повеќе луѓе отколку претходните соеви кои доаѓаа од Вухан, Кина, и за само неколку недели, тоа беше единствениот вид кој преовладуваше во некои земји, се вели во извештајот . Доминацијата на новиот вид над неговите претходници покажува дека е многу поинфективен, се вели во извештајот, иако точно зошто е тоа така се уште не е познато.
Вирусот корона, за научниците познат како САРС-КоВ-2, зарази повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот и повеќе од 250.000 лица го изгубија животот од КОВИД-19 од неговото откритие кон крајот на минатата година.
Извештајот се заснова на компјутерска анализа на повеќе од 6.000 сетови со вирусот корона од целиот свет, собрани од Глобалната иницијатива за споделување на сите податоци за грип, јавно-приватна организација во Германија. Според анализата откриено е дека новата верзија на вирусот се обидува да стане доминантна.
Тим од Лос Аламос, поддржан од научници од универзитетот Дјук и Универзитетот Шефилд во Англија, идентификувал 14 мутации. Овие мутации се случиле кај скоро 30,000 базни парови на РНК за кои други научници велат дека го сочинуваат геномот на коронавирусот. Авторите на извештајот се фокусирале на мутација наречена D614G, која е одговорна за промена на шилците на вирусот.
„Приказната е вознемирувачка, затоа што гледаме дека новата мутирана форма на вирусот се развива многу брзо и во текот на месец март стана доминантна форма на пандемијата“, напиша лидерот на студијата Бет Корбер, компјутерски биолог од Лос Аламос, на својата Фејсбук страница.
Кога вирусите со оваа мутација влегуваат во популацијата, тие брзо почнуваат да ја преземаат локалната епидемија, па затоа и се повеќе преносливи.
Иако извештајот за Лос Аламос е многу технички и не е комплетиран целосно, Корбер преку својот пост на Фејсбук изрази длабока загриженост во врска со последиците од ова нивно ново научно откритие.
„Ова е тешка вест“, напиша Корбер и додаде: „Но ве молам да не ве обесхрабрува. Нашиот тим на LANL успеа да ја документира оваа мутација и нејзиното влијание врз преносот само заради огромниот глобален напор на експертите и експерименталните групи, кои предупредуваат за нови соеви на вирусот (САРС-КоВ-2) во нивните локални заедници“.
Корбер, која докторираше на хемија во Калтек, се приклучи на групата во 1990 година и голем дел од својата работа ја насочи кон вакцината против ХИВ. Во 2004 година, таа ја доби наградата Ернест Орландо Лоренс, највисокото признание на Министерството за енергетика на САД за научни достигнувања. Таа, исто така, помогна да се основаат сиропиталиште за млади жртви на СИДА во Јужна Африка.
Извештајот содржи регионален преглед на времето за тоа кога за прв пат се појави новиот сој на вирусот и колку време му треба за да стане доминантен.
Италија беше една од првите земји што го виде новиот вирус во последната недела од февруари, скоро во исто време кога се појави и оригиналниот сој. Вашингтон беше меѓу првите држави што до крајот на февруари ги погоди изворниот сој, но до 15 март доминираше мутираниот сој.
Њујорк беше нападнат од оригиналниот вирус околу 15 март, но за неколку дена мутираниот сој стана доминантен.
Тимот не објави резултати за Калифорнија.
Научниците од најголемите организации кои работат на развој на вакцина или лекови изјавија за „Тајмс“ дека се надеваат на првичните докази дека вирусот е стабилен и веројатно нема да мутира како вирусот на грип, за што е потребна нова вакцина секоја година. Извештајот од Лос Аламос би можел да се искористи во врска со оваа претпоставка.
Ако пандемијата не успее сезонски да исчезне поради топлото време, се предупредува во оваа студија, вирусот би можел да помине низ дополнителни мутации, дури и додека истражувачките организации ги подготвуваат првите лекови и вакцини. Ако сега го надминеме ризикот, ефективноста на вакцините може да биде ограничена.
Некои соединенија во развој треба да се закачат на шилците или да го прекинат нивното дејствување.
Ако тие се дизајнирани врз основа на оригиналната верзија на шилците, тие можеби нема да бидат ефикасни против новиот сој на корона вирусот, предупредуваат авторите на студијата. „Не можеме да си дозволиме да бидеме заслепени додека ги преместуваме вакцините и антителата во клинички испитувања“, напиша Корбер на Фејсбук.
Ве молиме, да не бидете обесхрабрени, знаејќи дека глобалната научна заедница е целосно вклучена и ние соработуваме едни со други на начини на кои никогаш не сум ги видел во своите 30 години како научник. Дејвид Монтефиори, пак, научник од универзитетот Дјук, кој исто така работел на извештајот, рече дека тој бил првиот што ја документирал мутацијата на коронавирусот, за која се чини дека е позаразна.
Иако истражувачите сè уште не ги знаат деталите за тоа како се однесува мутираниот шилец во телото, очигледно тој прави нешто што му дава еволутивна предност во однос на неговиот претходник и го поттикнува неговото брзо ширење. Токму и затоа еден научник го нарече ова „класичен случај на дарвинска еволуција“.
D614G расте со алармантна брзина, што укажува на неговата предност во однос на оригиналниот сој Вухан што му овозможува побрзо ширење – се вели во студијата. Но сè уште не е познато дали овој мутиран вирус може да ги објасни регионалните варијации во однос на тоа колку силно COVID-19 погоди различни делови на светот.
Во САД, лекарите започнаа да испитуваат дали новите соеви на вирус можат да ги објаснат разликите во тоа колку заразени се разболеле и бројот на трагични случаи, изјави Алан Ву, професор на УЗ во Сан Франциско, кој ги води клиничките хемиски и токсиколошки лаборатории во Општата болница Сан Франциско.
Медицинските експерти шпекулираат во последните неколку недели дека виделе најмалку два соја на вирусот во САД, од кои едниот е распространет на Источниот брег и другиот на Западниот брег, пренесува Ву. „Ние сакаме да ја идентификуваме мутацијата“, вели тој, истакнувајќи дека во неговата болница само неколку лица го изгубиле животот од стотиците случаи што ги лекувал, што е „сосема друга приказна отколку што слушаме од Њујорк“.
Студијата од Лос Аламос не покажува дека новата верзија на вирусот е попогубна од оригиналот. Луѓето заразени со мутираниот вирус се чини дека имаат поголем вирусен товар. Меѓутоа, авторите на студијата од Универзитетот во Шефилд откриле дека меѓу локалниот примерок од 447 пациенти, стапката на хоспитализација била скоро иста кај луѓето заразени со двата вируси.
Дури и ако новиот вид не е поопасен од другите, тој може да ги искомплицира напорите да се стави под контрола пандемијата. Ова ќе биде проблем ако вирусот мутант биде толку различен од претходните соеви, така што луѓето кои се имуни на нив не би биле имуни на новата верзија.
Ако тоа се случи, тоа би можело да направи „лицата да бидат подложни и на втора инфекција“, пишуваат авторите на студијата. Мутацијата може да го промени својот изглед на начин што ќе му помогне на вирусот да го избегне имунолошкиот систем, рече Монтефиори, кој работи на вакцина против ХИВ веќе 30 години.
Тоа е хипотетичко прашање и многу е тешко.
Три типови на коронавирусот што се шират низ Европа
Група научници од Универзитетот во Кембриџ пак, неодамна објавија истражување во кое тврдат дека постојат три главни варијанти на новиот коронавирус – А, Б и Ц.
Откритието на оваа меѓународна група научници беше објавено во списанието „Proceeding of the National Academy of Sciences“ (PNAS) и до него тие дојдоа со анализа на генотмот на коронавирусот земен од примероци на 160 пациенти од целиот свет меѓу 24 декември минатата година до 4 март оваа година.
Типот А генетски е најсличен со вирусите најдени во лилјаците и глодарите и затоа се смета за „корен на епидемијата на Ковид-19“, но не преовладувала во Вухан каде првпат се појави епидемијата и почна да се шири низ светот.
Најголем дел од случаите на заболени од типот А се регистрирани кај пациенти во САД и Австралија. Во Вухан кај пациентите доминирал типот Б на коронавирусот кој се развил од типот А (со мутација на два гена).
Типот Б преовладува кај пациентите во Источна Азија, додека типот Ц е главен европски тип присутен кај раните пациенти од Франција, Италија, Шведска и Англија. Тој тип на коронавирусот е „ќерка“ на варијантата Б и е забележана кај пациенти во Хонг Конг, Јужна Кореа и Сингапур, од каде се рашири до Европа.
„Повеќето случаи од Вухан се тип Б од кој подоцна се разви тип Ц и се прошири на почетокот низ Сингапур“, рече Фостер.
Тој смета дека типот Ц не мутирал, но нагласува дека сепак треба да се земе со резерва зошто таквото размислување се заснова на мал примерок.
Анализата на британските научници во ПНАС исто така сугерира дека еден од најраните пробиви на вирусот САРС-КоВ-2 во Италија дошол низ првата германска документаирана инфекција на 27 јануари и дека уште еден претходен италијански случај е поврзан со кластерот пациенти во Сингапур.
Додека типот Ц доминираше во Европа во првите недели од ширењето на Ковид – 19, новите анализи на тимот на Фостер покажуваат дека тука сега побрзо се шири типот Б.
Тимот на Фостер анализирал 1.000 примероци земени до крајот на март, но таа студија се уште не поминала низ рецензија.
Според прелиминарните резултати типот Б сега доминира во Велика Британија, Швајцарија, Франција, Германија, Белгија и Холандија.