Наум Петрески повторно имаше причина за славење, Зуица објави преубава вест со која ги израдува сите
Погледнете како сопругата на Наум Петрески ја изненади својата свекрва за нејзиниот јубилеен роденден

Мајката на познатиот македонски фолк-пејач Наум Петрески, Анастасија Петреска, славеше роденден.
Ова беше посебен ден за семејството на еден од нашите најпознати естрадни парови, Наум Петрески и Зуица Лазова.
Имено, мајката на познатиот пејач наполни 80 години, а нејзината свекрва заедно со Наум се потруди да и биде еден од најубавите.
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Пејачката на својот профил на Фејсбук објави неколку фотографии од прославата, а под истата напиша:
„Да ти се множат мајче. Дај боже да доживееме и да бидеме како тебе“, напиша Зуица под семејните фотографии од прославата.
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
На фотографиите се гледа како баба Анастасија блеска од среќа додека позира покрај големата торта и големите златни балони во форма на бројот на нејзините години што таа ги наполни.
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
На масата има и печено прасе, а пресреќен е и Наум кој што имаше посебна причина да го собере семејството.
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Како што може да се види од фотографиите, тие со балоните и тортата ја изненадија бабата, а емотивните моменти ги разнежнија фановите на познатиот пар, по што следуваа бројни честитки.
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Потсетуваме, Наум Петрески и Зуица Лазова дури минатата година склопија граѓански брак и се венчаа, 16 години заеднички живот.
Пејачката како гостинка во една емисија на Јутјуб во една пригода откри дека тие и покрај тоа што немаат склопено брак, ги има сите придобивки, но и проблеми што ги подразбира брачниот живот.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Нивната венчавка беше во тајност, а гости во матичното и во црквата им беа само најблиските, објавија тогаш медиумите.
Фото: Фејсбук
Познатиот пар од овој брак ги има ќерката Македонка и синот Стефан, а Наум има уште две ќерки од претходниот брак, Анастасија и Сања.
Анастасија која исто така е пејачка го носи името на нејзината баба, а Сања неодамна зачекори во брачните води.
Повеќе за ова прочитајте тука...