Наум Петрески е среќен човек – покрај една ваква убавица животот може да ти биде само како песна
Е вака се пее во кафеана – го фати микрофонот, гостите се „топат“ и уживаат во музиката
Исплива видео од кафеана со Зуица Лазова
Омилената професорка, но и една од нашите најпознати фолк-пејачки, Зуица Лазова, знае како со песна да ги погоди гостите.
Впрочем тоа можевме да го видиме и деновиве од едно видео што се вртеше на социјалните мрежи, а на кое нашата пејачка со микрофонот во рацете ги развеселува гостите кои пеат со неа во ист глас.
Општо е познато дека Зуица Лазова, но и нејзиниот сопруг Наум Петрески знаат како да направат одлична атмосфера, а оние што некогаш биле на еден ваков нивен настап велат дека е лудо и незаборавно.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Но овој пат не беше само добрата песна во прашање, туку Зуица ги воодушеви сите и со своето интересно модно издание.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Имено, Зуица за оваа пригода избра црна комбинација која што ја разигра со шик бело сако и високи потпетици.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Со овој специфичен моден контраст таа покажа дека знае како да ги избере вистинските парчиња за себе, успевајќи да спои и лежерност и елеганција, користејќи го овој посебен моден трик.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Потсетуваме, овие денови беа посебно весели во домот на Зуица и нејзиниот сопруг, Наум Петрески.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Имено, нивната постара ќерка Македонка стана апсолвентка, па гордата мама сподели фотографии од славеничката.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Инаку, деновиве во центарот на вниманието беше и Наум Петрески, кој заедно со ДНК и Џамбо Агушев објавија нова песна.
Станува збор за песната „Животе брате“, а повеќе за оваа нивна нова соработка која веќе стана хит, прочитајте тука…