Реклама
MAMAБебиња

Науката потврди – жените што раѓаат по 35-тата живеат подолго

Реклама

Не е лоша идеја да се планира семејство по 35-годишна возраст, потврди науката. Рејчел Макадамс го стори тоа на возраст од 39 години, Џенифер Лопез со 38 години, а Меган Маркл ќе стане мајка на 37-годишна возраст.

Фото: Unsplash

Основање семејство по 35-годишна возраст стана тренд на нашата генерација, најмногу поради тоа што жените најчесто решаваат да и се посветат на својата кариера.

Бремените жени на возраст од 35 години често се потсетуваат на ризиците врз кои се изложени поради „доцнењето” на семејството.

Маркетинг

Сепак, според една студија од Медицинскиот факултет во Калифорнија, научниците откриле дека планирањето за подоцнежна бременост може да го продолжи животот. Бременоста на подоцнежна возраст е поврзана со повеќе компликации, но 28.000 жени кои учествувале во оваа студија покажале дека одложувањето на основањето на семејството е поврзано со подолг живот.

Фото: Unsplash

Жените кои доживеале 90 години (половина од нив) го имале своето прво дете подоцна од жените кои живееле пократко. Освен тоа, според истражувањето жените кои имаат помеѓу две и четири деца имаат поголема веројатност да живеат подолго од оние кои имаат само едно дете.

Маркетинг

„Нашите резултати не укажуваат на тоа дека жените треба да го одложат доењето, но тие се основа за сите идни истражувања за да можеме да испитаме како репродуктивните настани се важни за постарите жени и нивната долговечност”, велат научниците во ова истражување.

Поврзано

Back to top button