Реклама
Наши ѕвезди

Натпреварувач од „Никогаш не е доцна“ откри дека во него чука туѓо срце – водителот се pacплака, посебно кога слушна кој е донаторот

Реклама

Горан Филиќ Гогац (53) учесник во емисијата „Никогаш не е доцна“ откри дека пред една година имал тешка операција.

Фото: Гранд продукција

Имено, тој во март 2019 имал трансплантација на срце, а во емисијата им се заблагодари на оние што го донирале срцето.

„Благодарение на семејството на момчето што ми го донираа на мене неговото срце јас сум тука оваа вечер, со ново срце“, изјави тој.

Жика Јаксиќ, водителот на натпреварот, сакаше Гокац да му објасни како се случила таквата ситуација со трансплантацијата.

Маркетинг

„Момчето беше помлад од мене 15 години и неговиот живот згасна во Ургентен, па неговите родители на мене ми го донираа срцето. Ние не се познаваме, можеби преку оваа емисија тие ќе дознаат за мене и ќе ги запознам. Сакам да знаат дека срцето на нивниот син чука во мене и дека ова е наша заедничка борба“, изјави натпреварувачот, а Жика не можеше да ги сопре солзите.

Фото: Гранд

„Твојата енергија е прекрасна. Денес ја слушнавме песната од мојот милен бенд генерација 5, Доаѓам за пет минути“, изјави Маре по неговиот настап во емисијата.

Маркетинг

„Ја победи cмpттa, ти си победник во секоја смисла“, изјави Тања Савиќ.

Фото: Гранд

Натпреварувачот во емисијата раскажа како пред четири години бил на чекор да го изгуби својот живот откако неговото срце почнало полека да откажува, но и дека во последен момент животот му е спасен со трансплантација. Во разговор за весникот и порталот „Ало.рс“, Гокац истакна дека најголема желба му е да го запознае семејството на младичот што му го донирал срцето, но и дека се пријавил за „Никогаш не е доцна“, бидејќи сака да се бори за своите соништа.

Фото: Гранд

Случајот сакаше да се разболам само четири дена откако добив потврда од продукцијата дека можам да учествувам во емисијата „Никогаш не е доцна“.

Фото: Гранд

„Завршив во болница, но од својата најголема борба излегов како победник кога во март минатата година добив ново срце, раскажа за порталот „Ало.рс“ Горан и откри дека има голема желба да го запознае семејството, но и дека ќе разбере доколку тие не сакаат да се запознаат со него.

Фото: Гранд
Фото: Гранд
Фото: Гранд
Фото: Гранд/ Никогаш не е доцна
Фото: Гранд
Фото: Гранд
Фото: Гранд

Поврзано

Back to top button