Наташа со тaжни зборови се збогуваше од својот поранешен сопруг – фотографиите со Марко што ги објави ги расплакаа сите
„Верувам дека Крушевац со гордост ќе и го додели твоето име на некоја културна институција, баш како што и ти секогаш со гордост зборуваше за него“, напиша познатата водителка на социјалните мрежи.
Познатата српска водителка Наташа Павловиќ се збогуваше од својот поранешен сопруг, актерот Марко Живиќ, кој го изгуби животот oд корона.
Водителката на „Практична жена“ на својот Инстаграм профил сподели фотографии од Марко, нивните заеднички спомени, а нејзините потресни зборови што ги напиша во описот на фотографиите никого не оставија рамнодушен.
„Сакав некои посериозни да ставам, но ти ги избра овие. Кога и самата насмевка би одлучила да се повлече, ти ја тераше да работи прекувремено. Темната и тешката страна на светот ја фарбаше во најсветли бои. Бои кои што ти самиот ги измислуваше.“
„Бои кои како магнет привлекуваа се во твојата близина. Тоа е талент поголем од глума, поголем од уметност“.
„Поздрави ги Свето и Биља, гушни го Чили. Ако треба да се поправи клупичката, таму е тато. Смеј се со Шиме, да те слушнеме до Паково. Јајоп Биби“, напиша поранешната сопруга на актерот кој почина од корона.
Само да потсетиме, на 14 октомври згасна животот на актерот Марко Живиќ (50) како последица од борба со вирусот корона.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Наташа Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Наташа Павловиќ
Фото: Инстаграм/ Марко Живиќ
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Марко Живиќ
Фото: Инстаграм/ Марко Живиќ
Фото: Инстаграм/ Марко Живиќ
Фото: Инстаграм/ Марко Живиќ
Фото: Инстаграм/ Марко Живиќ